The Vegan Cheesecake/Веган чизкејк

 

128-the-vegan-cheesecake

(Serves 16/За 16 лица)

Are you a gourmet who happens to be vegan? Well, this wonderful summer recipe is just the thing for you! Be it family reunions or parties for two this is the ultimate dessert you want to gorge on.

Ingredients

400 g cashews (soaked over night, preferably 12-24 hrs)
300 g digestive biscuits
100 g ordinary biscuits
100 g vegan butter
8 Tbsp brown sugar
3 pkg vanilla
120 g vegan butter
juice of at least 1/2 lemon (put the lemon in last and adjust to taste)
750 g fresh or frozen forest fruit
1 pkg vanilla

Preparation
Blitz the biscuits in a food processor (or you can place them between two kitchen towels and crush them with a rolling pin). Place them in a container, add the 100 g of butter and knead until well combined.

Grease an 11 inch round pan with butter and press the biscuit and butter mixture in nicely and as evenly as possible.

Put the soaked cashews in a food processor with water barely covering them and blend until smooth.

In a separate container beat the 120 g of butter, sugar, and vanilla. Fold in the cashew mixture and add the lemon juice. Taste the mixture and add more lemon juice if needed. This is your ‘cream cheese’.

Pour the ‘cream cheese’ over the biscuits and butter base and place the pan in the fridge.

In the meantime, place the fruit in a pot, add the vanilla pkg and bring to a boil. Simmer on medium high heat and let it thicken a bit before removing it from the stove. Wait for it to cool off completely before placing it on top of your ‘cheesecake’. Enjoy!

One love,
D
———————————————
Дали сте гурман што случајно е и веган? Ако да, тогаш рецептов е како создаден за вас! Ова вкусно изненадување е соодветно и за голема летна семејна средба и за интимна забава за двајца.

Состојки

400 г индиски ореви (искиснати преку ноќ, најдобро 12-24 часа)
300 г „диетални“ бисквити (јас користев Wellness со лешник)
100 г обични посни бисквити (јас користев посна Plasma)
100 г вегански путер
8 големи лажици кафеав шеќер
3 пакетчиња ванилин шеќер
120 г вегански путер
Сок од најмалку 1/2 лимон (лимонот ставете го на крај и пробувајте, можеби ќе ви треба повеќе)
750 г свежо или смрзнато шумско овошје
1 пакетче ванилин шеќер

Подготовка
Бисквитите сомелете ги во блендер (или искршете ги со сукало меѓу две кујнски крпи). Ставете ги во еден сад, додајте ги тие 100 г путер и месете додека смесата убаво не се соедини.

Намастете со путер округла тепсија со дијаметар од околу 30-33 цм и убаво натапкајте ја смесата од бисквити и путер.

Искиснатите индиски ореви ставете ги во блендер со вода што не ги покрива до крај и блендирајте додека смесата не се изедначи.

Во посебен сад со миксер изматете ги 120 г путер, шеќер и ванила. Ставете ја и смесата од индиски ореви и додајте го сокот од лимон. Пробајте ја смесата и додајте уште лимонов сок ако е потребно. Ова ви е „крем-сирењето“.

Истурете го „крем-сирењето“ преку основата од бисквити и путер и ставете ја тепсијата во фрижидер.

Ставете го овошјето во тенџере, додајте ја ванилата и нека зоврие на средно силен оган. Дозволете да се згусне пред да го тргнете од шпорет. Почекајте целосно да се олади пред да го ставите на тортата со „крем-сирење“. Уживајте!

Со љубов,
Д

Advertisements

Falafel / Фалафел

Falafel
(Yields 10 falafels) / (Излегуваат 10 фалафела)

This was the hit recipe we used at the VeggiePicnic we organized in Skopje on September 27. So many people returned for seconds and thirds it was unbelievable. There are many falafel versions and I’ve tasted quite a few, but this recipe here is something else. I’d be happy to hear your thoughts on it once you make it 🙂

It was originally given to me by a friend and for the Picnic I altered it a bit, mostly playing with the spices and we also made it the star of our menu at the Wine Festival in Skopje where we were the first and only vegan food stall in the whole history of the festival 🙂 We cannot really say people were standing in lines to taste our food because they were all there for the double Bs (booze & bbq), but it was a start and we are glad that we offered something different and managed to attract even meat-eating customers (who couldn’t believe our food tasted the way it did even though there was no meat or any animal-sourced product in it!).

Ingredients
200 g chickpeas (soaked overnight)

Hint: If by some chance you forget to soak the chickpeas or guests called at the last minute and you still want to make this recipe for them, don’t panic – there is a way. Just soak the chickpeas in a pot of very warm (nearly boiling) water with a tsp of bicarb soda. In approx. 2 hrs they will be ready for your falafel recipe.

1 medium-sized red onion
3 medium-sized garlic cloves
1/3 of a bunch fresh parsley
1 tsp salt
1 Tbsp Vegeta (in Macedonia there is a brand with no additives)
2 tsp ground cumin
1 1/2 tsp ground coriander
1 tsp oregano
1 tsp chili
1 tsp freshly ground mixed pepper
5 Tbsp wholemeal (you can use whichever you prefer most)

Directions
Thoroughly wash the chickpeas and soak them overnight. If you forget to do this see hint. Take a meat-grinding machine and grind the chickpeas. Peel and grind the onion (cubed) and the garlic in the same machine. Wash the parsley, cut it in smaller pieces and grind it in the machine.

Collect all the ground ingredients in a large vessel, add the spices and the flour and mix until everything is well combined. Let it set for a couple of hours at room temp. for the ingredients to bind (if you have no time you can skip this step or add flax ‘eggs’ or some more meal to the recipe).

Form the burgers using a Tbsp and your hands. Fry them in a non-stick skillet over medium-high heat flipping them over once or twice. Serve them with some nice homemade hummus.

One love,
D
————————————————————————————–

Ова беше рецептот што го користевме за ВегеПикникот што го организиравме во Скопје на 27 септември. Не ни се веруваше колку луѓе се враќаа по вторпат, па и по третпат за да си купат сендвич. Постојат многу рецепти за фалафел и сум пробала голем дел од нив, ама овој рецепт некако е посебен. Ќе ми биде мило да чујам дали и вам ви се допаднал 🙂

Рецептот го добив од другарка и за Пикникот малку го изменив. Главно си играв со зачините. Овој рецепт, исто така беше ѕвезда на нашето мени на ВиноСкоп каде што бевме првиот и единствен штанд со веганска храна во историјата на фестивалот 🙂 Не можам да кажам дека луѓе се тепаа за да јадат кај нас, сепак, таму доаѓаа за скара и алкохол, ама мораше да се почне од некаде и мило ми е што понудивме нешто ново и различно и што дури успеавме да привлечеме клиенти кои сè уште јадат месо, а на кои премногу им се допадна нашата храна и не им се веруваше дека има таков вкус, а не содржи месо или некаква друга состојка од животинско потекло!

Состојки
200 г наут (покиснат преку ноќ)

Совет: Ако случајно заборавите да го покиснете наутот или во последен момент ви се најавуваат гости, а сепак сакате да им го приготвите ова јадење, без паника – има начин. Само покиснете го наутот во тенџере со многу топла (речиси зовриена) вода и ставете едно мало лажиче сода бикарбона. За приближно 2 часа наутот ќе ви биде готов за да може од него да правите фалафел.

1 средна главица црвен кромид
3 средни чешниња лук
1/3 китка свеж магдонос
1 м. лажиче сол
1 г. лажица Вегета (во нашите маркети има „Вегета“ без адитиви)
2 м. лажички мелен ким
1 1/2 м. лажиче мелен коријандер
1 м. лажиче оригано
1 м. лажиче буковец (внимавајте да не е премногу лут, ако е лут намалете ја количината)
1 м. лажиче свежо измелен шарен бибер
5 г. лажици интегрално брашно (изберете го она што вам најмногу ви се допаѓа)

Подготовка
Наутот убаво измијте го и покиснете го преку ноќ. Ако сте заборавиле да го покиснете, погледнете го советот. Исцедете ја водата од наутот, излупете ги лукот и кромидот (кромидот исечкајте го на покрупни парчиња), измијте го магдоносот и исечкајте го на парчиња. Сите состојки измелете ги во машината за мелење месо.

Соберете ги измелените состојки во голем сад, додајте ги зачините и брашното и убаво измешајте додека не се соедини сè. Откако ќе измешате убаво смесата треба да се остави неколку часа на собна температура за да се врзат состојките (ако немате време да го правите ова, може да го скокнете и да додадете 1-2 „јајца“ од лен во смесата или дополнително интегрално брашно).

Мерка за плескавиците нека ви биде голема полна лажица, формирајте ги со раце. Пржете во нелепливо тавче на средно тивок оган. Превртете ги еднаш или двапати. Послужете со домашно приготвен хумус.

Со љубов,
Д

Potato and Dried Chili Peppers Side / Макало од суви пиперки и компир

(Serves 4) / (за 4 лица)

Image

♫♪ Loves the theater but she never runs in there late ♪♫♪. Rings a bell? Well I’m NOT going to be that lady from one of my favorite songs if I don’t write this extremely fast 🙂

Ingredients
4-5 large potatoes
5 dried large chili peppers
1 medium sized leek (white part only)
3 Tbsp unrefined oil Continue reading

Fried Seitan and Potato Salad / Пржен сејтан со компир салата

(Serves 2) / (за 2 лица)
Image

Believe it or not this is my first time eating seitan at home after becoming vegan. This was from my lunch today. I had to do some chores and didn’t have much time to prepare something more elaborate, so here’s a quick and easy recipe.

In the beginning of December me an my boyfriend of 6 years moved to our own little apartment (temporarily, until we finish the weekend hill house we love very much). He is the one that taught me how to cook actually, and now he says I am even better than him :). We both have our jobs and you can only imagine how much work does a new condo take. However, we both know we have to Continue reading