Avocado Cream Soup / Крем супа од авокадо

(Serves 4) / (за 4 лица) Avocado Cream Soup Hectic days and million stuff to do can get the best of us sometimes and products are just not as fresh as we’d like them to be when we cook `em. But there is virtually no soup a squeeze of fresh lemon and a dash of freshly ground pepper cannot fix 🙂 So what we did yesterday after coming back from kung fu practice was gather all of the dying veggies in our fridge and blending them with the avocado I was fantasizing making some decadent dish with, though my wishes will have to be put on hold for now. The soup turned out to be terrific and decadent in its own right so I didn’t lose much 🙂 plus bf loves a good soup.

Ingredients
1 cup diced daikon (white radish)
4 medium sized carrots
1 cup Brussels sprouts
1 small sized horseradish
1 large sized avocado
Parsley
Olive oil
Salt
Mixed pepper, freshly ground
Other spices (optional)

Directions
Wash, peel, and chop the daikon, carrots, Brussels sprouts, and horseradish. Put them in a pot of boiling salty water. Simmer for about 10 minutes or until all the ingredients turn soft. Wash, peel, and slice the avocado, then add it to the boiled mixture. Remove pot from stove and drain (but do not discard the liquid). Place all the ingredients in a food processor (or in a large bowl if using a hand blender like I did). Process until smooth. Add salt and pepper to taste (also other spices you like). Add some of the boiling water if the mixture is too thick for you, if not just serve in soup bowls, garnished with fresh parsley and drizzled with olive oil. Wonderful!

One love,
D
————————————————————————————————————————————————-
Преголемата зафатеност и многуте обврски понекогаш може толку многу да ни го скратат слободното време, што немаме ни минута да погледнеме убаво што сѐ имаме во фрижидерот. И така, работите што со толку голем ентузијазам сме ги купиле на крај не се така свежи како што сме се надевале дека ќе бидат кога ќе ги готвиме. Сепак, среќна околност е што не постои супа на светов што неколку капки лимон и прстофат свежо сомелен бибер не може да ја вратат во живот 🙂 Затоа вчера кога се вративме од тренинг ги собравме сите заборавени зеленчуци од фрижидер и ги изблендиравме заедно со авокадото за кое имав толку голема желба да го претворам во некој неодолив рецепт. Моите желби, сепак, ќе мора да почекаат. Супата излезе неверојатна и самата по себе неодолива, така што не изгубив многу 🙂 освен тоа М обожава супи и чорби.

Состојки
1 шолја исечкан дајкон
4 средно големи моркови
1 шолја прокељ
1 малечок рен (голем колку показалец)
1 големо авокадо
Магдонос
Маслиново масло
Сол
Шарен бибер, свежо измелен
Други зачини (по желба)

Подготовка
Измијте ги, излупете ги и исечкајте ги дајконот, морковите, прокељот и ренот. Ставете ги во тенџере со зовриена солена вода и варете ги околу десет минути, односно додека не омекнат. Измијте го, излупете го и исечкајте го авокадото па додајте го во тенџерето со другите продукти. Тргнете го тенџерето од рингла, исцедете ја водата без да ја фрлите и ставете ги сите состојки во блендер (јас користев рачен блендер). Миксирајте додека не добиете хомогена смеса. Додајте сол и бибер по вкус (а ако сакате и други зачини). Во случај супата да ви е прегуста додадете си од водата во која се вареа зеленчуците. Сервирајте во длабока чинија наросено со свеж магдонос и попрскано со маслиново масло. Прекрасно!

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s