Fried Seitan and Potato Salad / Пржен сејтан со компир салата

(Serves 2) / (за 2 лица)
Image

Believe it or not this is my first time eating seitan at home after becoming vegan. This was from my lunch today. I had to do some chores and didn’t have much time to prepare something more elaborate, so here’s a quick and easy recipe.

In the beginning of December me an my boyfriend of 6 years moved to our own little apartment (temporarily, until we finish the weekend hill house we love very much). He is the one that taught me how to cook actually, and now he says I am even better than him :). We both have our jobs and you can only imagine how much work does a new condo take. However, we both know we have to eat well in order to feel well, so we try to make the best of that little time we have left. This meal takes very little active time, but it tastes wondrously wonderful.

By the way, my boyfriend also was a hard-core meat eater like my mom and for a long time all of my tactics were worthless on him, counterproductive even. So I decided to give him a little space. One day I came across the trailer from Earthlings, I couldn’t believe my eyes. It was the saddest thing I’ve seen until then, and I didn’t even manage to keep watching it past the first couple of seconds. I sent him the link with no hidden agenda, and not in a million years did I expect what followed next. A couple of hours later my phone rang, it was him. I am becoming vegetarian INSTANTLY, said he. This is unbelievable, I cannot believe this is how meat ends up on our tables. I was so happy I could explode. First my mom stopped eating meat, and my sister followed soon enough, but I was expecting her to do so. What I wasn’t expecting was him becoming vegetarian, the guy that said nothing tastes better than meat and had he been given a choice he would have eaten meat 24/7 – 365 days of the year. Three down, one to go 🙂 But more on that in some of my next posts.

Here’s what you’ll need:
300 g fried seitan
I bought this pre-cooked, seitan is a little complicated to make for me at this time, so I opted for the safe version. However, I promise that I will try to make it from scratch until the end of the year.
5 medium sized potatoes
1 medium sized red onion
1 scallion (green onion)
1 medium sized iceberg lettuce
flax seed oil
organic grape vinegar (barrique)
salt
pepper
parsley (dried or fresh)
savory

Directions
Wash the dirt and soil off of the potatoes using your hands only (do not use a sponge to do this since sponges used only a couple of days in the kitchen harbor millions of bacteria). Once the potatoes are clean, peel them, rinse them again, and set them aside in a pan full of water. After repeating this procedure with all of the potatoes chop them into irregular bite-size pieces and place them back into the water. Add salt to the pan and boil it. The potatoes should be ready in about 20-30 minutes. Once they’re done discard the remaining water, see if you need to add more salt, and season them with freshly ground mixed pepper, vinegar, flax oil, and parsley. Slice the red onion into thin circles. Mix to combine well, then sprinkle some savory on top and decorate with a few leaves of the scallion.

Chop the rest of the scallion and add it to the iceberg lettuce. Season the salad to taste.

Put the pre-cooked seitan in the oven. Turn the oven to 200°C and let it sit there for about 10 minutes.

Serve warm with a tall glass of your favorite beer.

Bon Appétit!

One love,
D

————————————————————————————————————————————

Верувале или не ова ми е првпат да јадам сејтан дома откако станав веган. Ова ми беше денешниот ручек. Имав многу работа низ дома и не успеав да спремам нешто поспектакуларно. Ама и брзите и лесни рецепти знаат да бидат вкусни.

На почетокот на декември јас и М (дечко ми) се преселивме во ново станче само за нас двајца (привремено, додека не си ја довршиме викендичката на планина што многу си ја сакаме). Всушност М ме научи да готвам и сега вика дека сум подобра и од него во кујна :). И двајцата одиме на работа, а може да си замислите колку работа бара нов стан. Сепак, мораме да јадеме добро за да се чувствуваме добро, така што се обидуваме максимално да го искористиме она малку слободно време што го имаме на располагање. Иако за приготвувањето на овој оброк потребно е многу малку активна работа, вкусот е исклучителен.

Патем и М беше хардкор месојадец исто како мајка ми и долго време ниедна тактика што употребував на него за да го одвикнам од јадење месо не ми беше успешна. Едно време дури и контрапродуктивни ми станаа обидите. Затоа решив да му дадам малку простор. Еден ден на интернет сосема случајно наидов на трејлерот од Earthlings, не можев да си поверувам на очите. Дотогаш немав видено нешто поужасно, а не издржав да гледам подолго од неколку секунди. Му го испратив линкот до трејлерот, но немав никаква задна намера и ни на крај памет не ми паѓаше тоа што следно се случи. По неколку часа ми заѕвоне телефонот, М беше. Ќе станам вегетаријанец, ОДМА, ми рече. Не ми се верува што видов, не ми се верува дека вака се добива месото што го јадеме. Мислам дека ќе експлодирав од среќа во тој момент. Прво мајка ми престана да јаде месо, набрзо потоа и сестра ми, ама од неа и очекував да прекине. Не очекував М да стане вегетаријанец, дечкото што викаше дека ништо на светот нема подобар вкус од месо и дека ако може да бира би јадел месо 24/7 – 365 дена во годината. Тројца средив, уште еден ми остана 🙂 Ама повеќе на таа тема во некој од моите наредни постови.

Еве што ќе ви треба:
300 г пржен сејтан
Сејтанот го купив веќе подготвен, во моментов ми е малку комплициран за самата да го правам, па така се одлучив за сигурната верзија. Но ветувам дека ќе се обидам самата да направам до крајот на годинава.
5 средни компири
1 среден црвен кромид
1 млад кромид
1 средна марула
Ленено масло
Органски оцет од грозје (барик)
Сол
Шарен бибер, свежо измелен
Магдонос (сув или свеж)
Чубрица

Подготовка
Измијте ја земјата од компирите ама само со раце (не користете сунѓер за ова затоа што сунѓерите што само неколку дена се користат во кујна веќе се полни со милиони бактерии). Откако убаво ќе ги измиете компирите, излупете ги, исплакнете уште еднаш и префрлете ги во тенџере полно со вода. Исечкајте ги на парчиња со неправилнa формa и вратете ги во водата. Додајте сол во водата и ставете го тенџерето на рингла да зоврие. Компирите би требало да се готови за 20-30 минути. Штом се сварат, исцедете ги, видете дали е потребно да се додаде уште сол и зачинете со свежо измелен шарен бибер, оцет, ленено масло и магдонос. Црвениот кромид исечкајте го на тенки кругови. Измешајте убаво, наросете малку чубрица и украсете со неколку перца од младиот кромид.

Остатокот од младиот кромид исечкајте го ситно и додајте го во марулата. Зачинете ја салатата по вкус.

Сејтанот ставете го во рерна. Вклучете ја рерната на 200°C и оставете да се згрее некои десетина минути.

Послужете топло со голема чаша од вашето омилено пиво.

Добар апетит!

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s