The Amazing Almond Cheese / Чудесното сирење од бадеми

(Serves 4 ) but it depends how greedy you get, might be for just 1 🙂 / (за 4 лица) ама може да биде и само за еден, зависи колку ќе станете алчни 🙂almondcheese

Ok, have you ever tried almond cheese?! I have tried my first bite of almond cheese this past week, and all I have to say is WOW! Smells like almonds, tastes very much like cheese, absolute heaven. I never wanted to try making it, because it seemed so difficult, turned out it doesn’t have to be 🙂 And the part I really really love is that you use everything, nothing is wasted, and you end up with almond milk and almond cheese, be still my eco heart…

Ingredients
2 cups of raw unsalted peeled almonds (to take off the peel you can put them in water and leave them in the fridge overnight but if you pour hot water over them the peel falls off easily)
4 cups cold water
juice of 1 lemon
1 teaspoon of sea salt
4 tablespoons good olive oil

Directions
Put the peeled almonds and the water in a blender and blend until you don’t see any pieces, it has to be finely blended. Then put a cheesecloth over a deeper bowl and pour the almond mixture in. Grab the cheesecloth from all sides and squeeze very tight so all the liquid is drained. The liquid is your almond milk ready for drinking or to put in coffee, if you want you can also add some blended dates or any other dried fruit to make it sweeter.

Now, place the cheesecloth and the mixture in it over a different bowl and open it. Put the lemon, sea salt, and olive oil and mix it all with a fork, then close the cheesecloth again and squeeze tight so nearly all the liquid is gone. Put the cheesecloth with the mixture in a clean container with an airtight lid and press on top, then close the lid and leave it in the fridge about an hour. Voila, you have almond cheese! It’s going to be like feta and it lasts up to a week in the fridge. The almond milk lasts about 3 days in the fridge, but you can freeze it in cubes and put them in your coffee. 😉

The cheese is great as meze with rakija or beer, great in sandwiches and salads and you can also put it on pizza. I like to eat mine the simple way, with toasted bread, and fresh tomatoes.

almondcheese1Nature is amazing, love it!

Elena

———————————————————————

Ок, дали некогаш сте пробале сирење од бадеми?! Јас моето прво залче сирење од бадеми го пробав минатата недела, и сѐ што имам да кажам е ЛЕЛЕ! Мириса на бадеми, вкусот му е многу сличен на сирење, рај. Никогаш не сакав да го правам, зашто ми изгледаше многу тешко, ама излезе дека не мора да биде 🙂 А делот што најмногу го сакам е дека сѐ се искористува, ништо не се фрла, и добиваш млеко од бадеми и сирење од бадеми, смири се мое еко срце…

Состојки
2 шолји (од 200 мл) сурови несолени излупени бадеми (за да ја извадите лушпата може да ги оставите во вода во фрижидер преку ноќ ама ако ги потурите со топла вода, лушпата се вади лесно)
4 шолји (од 200 мл) ладна вода
сок од 1 лимон
1 мала лажичка сол
4 големи лажици квалитетно маслиново масло

Подготовка
Ставете ги излупените бадеми и водата во блендер и блендирајте сѐ додека не гледате веќе парчиња, треба да биде многу ситно. Ставете газа преку длабока чинија и истурете ја смесата со бадеми низ неа. Земете ја газата од сите страни и силно стиснете за да се исцеди цела течност. Течноста што ќе ви остане е млеко од бадеми спремно за пиење или за да си го ставите во кафе, а може да му додадете и изблендирани урми или кое било суво овошје за да го засладите.

Ставете ја газата со смесата во неа преку друг сад и отворете ја. Ставете го лимонот, морската сол и маслиновото масло и измешајте сѐ заедно со виљушка, потоа затворете ја газата и пак стиснете силно за да ја истиснете течноста. Ставете ја газата со смесата во чист сад со капак кој не пропушта воздух и стиснете ја озгора, затворете го капакот и оставете го во фрижидер околу еден час. Готово, имате сирење од бадеми! Ќе биде со слична текстура како фета и трае и до една недела во фрижидер. Бадемовото млеко трае околу 3 дена, ама може да го замрзнете во коцки и да си ги ставате во кафе 😉

Сирењево е супер како мезе со ракија или пиво, одлично во сендвичи и салати, а може да го ставите и на пица. Јас сакам да си го јадам на најпрост начин, со потпечен леб и свежи домати.

Природата е чудесна, сакајте ја!

Елена

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s