Kale Chips / Чипс од кељ

(Serves 2) / (за 2 лица)
kale chips

Had the today me approached the old me from 10 years ago and said that there will come a day when I am going to spend most of my ‘free’ time in the kitchen, old me would have lit up a cigarette, laid back into the comfortable armchair and laughed her (er, my) *** off. Then she would suddenly go all serious and would have told me to get the **** outta there before I kick the **** out of, well, me. Yes, little ole 18-year-old-aggressive-as-hell me. Things not always go as planned, nor we have the amazing ability of predicting everything, so this is why we keep on being surprised by anything and everything, and it is good if you ask me. I like surprises (but only the nice ones).

So after spending the ENTIRE (yes entire, you read it right) day in the kitchen making 5 odd different meals, and having some of them not turn out blog-material (but you live and you learn, that is how I understand things. I was not so zen about it earlier, but there’s no way for you to know that, so as long as you’re concerned – I’m very calm and endlessly patient vegan) I finally get to sit down and write the success stories.

Not so long ago I came across a kale chips recipe. It sounded interesting and I kept it in the back of my mind for some time. Then, yesterday we went to a supermarket and a large kale crossed paths with me. It was destiny! And let me tell you stepping in virgin territory is not fun, but it’s worth the try. The chips, to my great amazement, turned out just like every single recipe I read on the internet said they would – crispy, salty, and healthy.

Ingredients
6 kale leaves, central stems removed
1 tsp sea salt
2 Tbsp unrefined oil
1 Tbsp soy sauce
1 tsp freshly ground mixed pepper

Directions
Thoroughly wash and dry all the leaves. The drying part was really emphasized in every recipe I found so I went as far as using a blow-drier just to stay on the safe side. The leaves have to be completely dry because otherwise the chips will me a soggy mess.

Using kitchen scissors or a knife cut the leaves into bite-size peaces. Set aside.  Take a large bowl and mix all the remaining ingredients. Put the cut kale leaves in the bowl and toss to coat. Make sure every piece is well coated and glistening. Line a baking tray with parchment paper and place the leaves on it. Bake for 10-15 mins in a 350ºF (180ºC) preheated oven, or until the edges start turning golden brown. If you’re doing this for the first time be extremely careful not to burn the chips. They are very thin and they burn easily, so keep an eye on them and get to know the time you need for them to be just perfect – every oven is different.

One love,
D
————————————————————————————————————————————————-
Ако денешната јас ѝ отидеше на онаа јас од пред десет години и ѝ кажеше дека ќе дојде таков ден кога ќе го поминува речиси целото „слободно“ време в кујна, старата јас ќе запалеше цигара, ќе се навалеше удобно наназад во голема фотелја и ќе се убиеше од смеење. Потоа наеднаш ќе станеше сериозна и ќе ѝ кажеше на денешната јас да ѝ се губам од пред очи додека не ме (хм, нѐ) искршила од ќотек. Да, таква беше претерано агресивната осумнаесетгодишна јас. Работите не секогаш одат според планот и немаме волшебна способност сѐ да предвидиме – што според мене е сосема ОК. Сакам изненадувања (ама само оние убавите).

И така откако си окапав ЦЕЛ (да, цел, убаво прочитавте) ден во кујна правејќи некои пет различни оброци од кои сите не завршија славно (ама човек учи додека е жив, така јас гледам на нештата. да ви кажам искрено не бев вака зен прееска, ама како и да е вие нема шанси да дознаете и што се однесува до вас – јас сум многу смирен и бескрајно трпелив веган), конечно седнав да ги напишам успешните приказни.

Не многу одамна на интернет наидов на чипс од кељ. Ми се виде интересен и си реков дека некој ден мора да го направам.  Кога, вчера одиме во маркет и се судирам со огромен кељ. Судбина, тоа е! Да бидам искрена не е баш убаво кога човек ќе се најде на непозната територија, ама вреди да се обидеш да извлечеш максимум од ситуацијата. На мое големо изненадување чипсот излезе токму онака како што беше опишан во сите рецепти што ги прочитав на интернет – крцкав, солен и здрав.

Состојки
6 листа кељ со отстранети средишни рачки
1 мала лажичка морска сол
2 големи лажици нерафинирано масло
1 голема лажица сос од соја
1 мала лажичка свежо мелен шарен бибер
Подготовка
Сите листови темелно измијте ги и исушете ги добро. Сушењето на листовите беше многу нагласувано во секој рецепт, па јас отидов дотаму што ги сушев со фен само за да бидам на сигурно. Листовите мора да бидат убаво исушени инаку чипсот ќе биде влажен и никаков.

Земете кујнски ножици или нож и исечете ги сувите листови на парченца со големина колку еден залак. Земете длабока чинија и во неа ставете ги сите останати состојки и измешајте додека не се соединат. Сега ставете ги и исечканите листови кељ и превртувајте ги сѐ додека убаво и целосно не се намачкаат. Треба да сјаат пред да ги ставите за печење. Обложете плех со хартија за печење и ставете го кељот. Печете околу 10-15 минути во рерна претходно загреана на 180ºC, односно додека не потемнат на краевите. Ако ви е првпат да правите ваков чипс бидете многу внимателни и постојано проверувајте ги за да не ги изгорите. Горат лесно бидејќи се тенки, па затоа ќе мора првиот пат да научите колку точно време им треба во вашата рерна за да бидат како што треба, бидејќи секоја рерна е приказна сама за себе.

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s