Beer Baked Potatoes / Компири печени со пиво

(Serves 4) / (за 4 лица)

These were a big hit when I made them last summer at the IKAR Hut. Too bad I got burnt from the tray and ended up spilling half of them on the kitchen floor, but hey, I’ve already admitted I’m a disaster waiting to happen when it comes to cooking. So me doing this is just c.r.a.z.y. impossible and I encourage you to make your own way around your much-dreaded kitchen, no matter how scary it may look to you at the moment. Don’t be afraid, it’s a fact that every difficulty disappears when faced baldly! I stopped being afraid, and look where it got me 🙂

Ever since I was a kid I used to love combining baked potatoes and beer (and yes I was underage, but in my parents’ defense I couldn’t get past the first couple of sips). Then one day I said to myself that it would be great if I combined the beer and the potatoes before they enter my belly and see how that turns out. Plus I love cooking with alcohol, don’t you? I don’t want to sound too braggy, but my little experiment turned out pretty good and I highly recommend that you try it yourself.

Ingredients
1.5 kg potatoes
2 cups beer (500 ml)
Unrefined grape-seed oil and/or vegan butter
Salt

Directions
Thoroughly wash and peel the potatoes. Cut them into bite size pieces and place them in a pot of salty water. Bring to a boil and cook them until they’re almost done. If they’re not salty enough, put the rest of the salt you plan on using in the beer.

Get a large baking tray, at least 5” deep, smear some vegan butter on the bottom and put the boiled potatoes in. Pour the beer over them and try to do it evenly, so every potato gets soaked from the top. Drizzle with oil generously. Bake in a 480°F (250°C) preheated oven until the beer evaporates completely and there is just a thin film of gorgeous beery/starchy/oily goodness at the bottom or until the potatoes turn golden brown.

Serve right away, preferably with these mushrooms.

One love,
D
————————————————————————————————————————————————-

Компириве беа огромен хит во IKAR Hut минатото лето. Штета што се изгорев од тавчето додека ги вадев и пола ги истурив на под, ама уште одамна си признав дека сум кастастрофа во најава во кујна. Ова е уште еден доказ дека готвење за мене е „невозможна мисија“ и затоа ве охрабрувам да се престрашите и храбро да се соочите со чудовишната просторија во вашиот стан без оглед колку страшно ви делува во моментов 🙂 Докажано е дека сите пречки исчезнуваат ако смело им пристапиме! Јас си реков „мечка страв-мене не страв“ и видете што стана од мене 🙂

Уште како мала многу ја сакав комбинацијата од печени компири и пиво (да, малолетна бев, ама во одбрана на мајка ми и татко ми, лимитот ми беше само неколку голтки). И така еден ден (откако пораснав) ми текна дека можам пивото и компирите да ги искомбинирам пред воопшто да ми стигнат до желудник. Освен тоа, обожавам да готвам со алкохол, а верувам и многумина од вас. Да не се фалам, ама експериментот ми помина доста добро и топло ви го препорачувам овој рецепт.

Состојки
1,5 кг компири
2 шолји пиво (500 мл)
Нерафинирано масло за готвење од семки од грозје и/или вегански путер
Сол

Подготовка
Компирите убаво измијте ги и излупете ги. Исечете ги на парченца колку залаци и ставете ги во тенџере со солена вода. Не оставајте да се сварат целосно, извадете ги малку пред тоа. Ако не ви се доволно солени, остатокот од солта што сакате да ја додадете ставете ја во пивото.

Намачкајте голема тепсија за печење, длабока најмалку 10 цм, со путерот, па ставете ги компирите. Прелејте со пивото, но внимавајте убаво да ги полиете сите компири. Попрскајте ги убаво со зејтин. Печете во рерна претходно загреана на 250°C додека пивото не испари и на дното не се направи прекрасен тенок слој од пивасто-скробовско-зејтинеста вкуснотија, односно додека компирите не заруменат убаво.

Послужете веднаш, најдобро со овие печурки.

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s