Vegan Lava Cakes / Вегански лава колачиња

(Yields 11 cakes) / (излегуваат 11 колачиња)
Lava cake

I can tell you this much. This recipe sure didn’t begin as a lava cake. I was trying to make three ingredient banana cookies when I realized I’d put too much liquids in. So I had to add flour… and while I was at it I added baking powder too… and some vanilla… and then I said this just won’t be complete without some melting chocolate in the middle. And that’s how vegan lava was born 🙂

Ingredients
2 REALLY ripe bananas
*These have to be nearly dead, seriously! Their skins should look like this, because when they’re like this they taste like bourbon and this is what you’re after 🙂 a free bourbon ride
100 g raw hazelnuts, ground
50 g dark chocolate (75% cocoa) + 100 g for ooziness
150 ml water
2/3 cup (baking) T55 flour
1 pkg baking powder
1 pkg vanilla
Unrefined grape-seed oil (for greasing the ramekins)

Directions
Grease 11 ramekins. Mine were 1” high and approx. 2-2.5” in diameter. Place them on a baking tray filled with water. Be sure that the water comes up only to the middle of the ramekins.

Put the 50 g of chocolate in the water and heat it in a 350°F (180°C) oven until you touch the chocolate with a spoon and it dissolves (about 6-10 minutes, depending on whether you’ll put it in an already preheated oven). Remove from oven as soon as it’s ready and let it cool a bit.

Cut the bananas into pieces, add the ground hazelnuts, and the cooled chocolate mixture. Stir in the flour, baking powder, and vanilla. Mix everything with a hand blender until well combined and puffy.

Break the 100 g chocolate into 11 equal pieces and set aside. Take a Tbsp and fill each ramekin with 2 Tbsp of the batter. Push a piece of chocolate inside. It shouldn’t be visible on the top of the cake.

Bake in a 350°F (180°C) preheated oven until you insert a toothpick and it comes out non-sticky (bear in mind that it will be wet from the chocolate). I was baking them for not more than 30 mins. Again, this highly depends on your oven, the size of ramekins used and many other factors, so keep a close eye on the cakes, especially if you’re making them for the first time.

Remove them from the oven and serve right away!

One love,
D
————————————————————————————————————————————————-
Само ова ќе ви кажам – рецептов во никој случај не почна како лава колачи. Се спремав да направам десерт од само три состојки кога сфатив дека сум претерала со течностите. За да го оправам морав да додадам брашно… кога веќе додадов брашно си реков, ај да додадам и прашок за печиво…па ај и малку ванила…и на крај си реков, ама ова мора да добие и растопено чоколадо во средина. И така настанаа лава колачињата 🙂

Состојки
2 НАВИСТИНА зрели банани
*Треба да бидат речиси мртви, сериозно! Лушпата треба да изгледа вака, затоа што кога се вакви имаат шмек на бурбон и тоа е тоа што се бара во колачиве 🙂
100 г живи лешници, мелени
50 г темно чоколадо (75% какао) + 100 г за топење во средина
150 мл вода
2/3 шолја брашно T550 (пекарско)
1 пакетче прашок за печиво
1 пакетче ванила
Ладно цедено масло од семки од грозје (за намрсување на калапите)

Подготовка
Намрсете 11 калапи. Моите се високи околу 2 цм, а широки околу 4-5 цм. Наредете ги на плех за печење и наполнете го плехот со вода доволно за калапите само до половина да бидат потопени.

Ставете го чоколадото (50 г) во водата и садот загрејте го во рерна на 180°C. Чоколадото е готово кога ќе допрете со лажица и веднаш ќе се растопи во водата (ова трае 6-10 минути во зависност од тоа дали го ставате во топла или во ладна рерна). Извадете го од рерна веднаш штом се стопи и оставете ја смесата малку да се излади.

Бананите исечкајте ги на парчиња, додајте ги мелените лешници и изладената чоколадна смеса. Додајте брашно, прашок за печиво и ванила. Измешајте ги сите состојки со рачен блендер додека смесата не стане кремаста.

Оние 100 г чоколадо искршете ги на 11 еднакви парченца и тргнете ги настрана. Секој од калапите наполнете го со по две големи лажици од смесата и во средина вметнете едно парче чоколадо.

Печете во рерна загреана на 180°C додека чепкалка вметната во средина на колачето не излезе нелеплива (имајте на ум дека чепкалката секако ќе биде влажна од чоколадото во средината). Јас не ги печев подолго од 30 минути. Но, сепак, времето на печење зависи од многу фактори, како што се нап пример, рерната, големината на калапите и сл. Затоа, најдобро е внимателно да го следите печењето, особено ако првпат го правите рецептов.

Извадете ги од рерна и послужете веднаш!

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s