Brussels Sprouts Mix / Бучкуруш со прокељ

(Serves 2) / (за 2 лица)
Image

I know I’ve already admitted in one of my previous posts that bf taught me how to cook. Well, this here was one of his culinary escapades. No idea for dinner? Here, just let me look at what’s left in the fridge. And a half an hour later – voilà!

We do not approve of wasting food (or any other resource for that matter). Every time we go to a restaurant we take the leftovers with us (ignoring the condemning eye of the waiter). I am not the kind of gal to eat the same meal for a couple of days in a row, so we try not to make more food than we can eat at one sitting. Anyhow, things do not always go as planned, so we give the leftovers to local stray dogs (be it restaurant or homemade food). Cats do not eat vegan leftovers. They are royal like that! And I have to admit, I am sometimes happy when I make more food than we can eat because I don’t really have time to cook special meals for strays. I just throw some dog-friendly food in our vegan leftovers and it’s a feast to them 🙂

We also do not mix our organic waste along with the rest of the trash. People are not so big on recycling in Macedonia, and we still don’t have those special containers everywhere. But bf and I try do to our own recycling. We gather all of the organic waste and bury it in a hole in our mountain house (where the rest of my cats live, remember?). We dug several holes in our yard already (where we have all kinds of fruit trees) and they are all overflowing with organic waste. The trees are very thankful to us and we know it!

So my message to you with this post: do not let your food go to the garbage EVER! Give it to a dog, a cat, a beggar. And the organic waste – if you do not have a yard, you have a flower pot or a friend that has a garden – give the waste to them. Let’s make it a tradition to return the favor to Mother Earth. She gives so much to us and we owe her big time!

Ingredients
1 Tbsp regular vegan butter
3 medium sized garlic cloves, finely chopped
1 medium sized red onion, finely chopped
2 large carrots
1 cup red cabbage, finely chopped
2 cups Brussels sprouts, halved
1 Tbsp balsamic vinegar
1/2 cup tomato sauce
Salt
Mixed pepper, freshly ground
Gomasio
Black cumin
Turmeric

Directions
Take a large pan and melt the butter. Add the finely chopped garlic and red onion. Cook on low heat. Chop the carrots into circles and add them to the pan once the onion and garlic have softened. Add the cabbage and cook at a low heat for about 2-3 minutes. Add the Brussels sprouts and cook a little longer until you start feeling the fragrance of the sprouts. Now add the vinegar, and 2-3 minutes later add the tomato sauce. Cook for a couple of minutes and let the tastes mix well together. Add the spices and serve warm with a piece of crunchy homemade French bread.

One love,
D
————————————————————————————————————————-
Знам дека во некој од моите претходни постови веќе ви признав дека М ме научи да готвам. Е па, ова беше една од неговите кулинарски екскурзии. Што, не ти текнува што да вечераме? Чекај да ѕирнам што има во фрижидер. И половина час подоцна – voilà!

И двајцата не сакаме да фрламе храна и сме внимателни со сите останати ресурси кои ни се на располагање. Секогаш кога јадеме во ресторан си ги земаме остатоците од храната со нас (и го игнорираме прекорливиот поглед на келнерот). Воопшто не сакам да јадам едно исто јадење неколку дена по ред, па затоа секогаш кога готвиме се обидуваме да направиме таман количина за да ја изедеме. Ама домашниот есап на пазар не излегува, па кога ќе ни остане храна секогаш ја даваме на улични кучиња (без оглед дали сме ја земале од ресторан или сме ја зготвиле дома). Мачките не се нешто посебно заинтересирани за остатоци од веган храна. Тие се од високото добро утро! Морам да признам дека ми е мило кога ќе се случи да ни остане храна затоа што немам време да готвам посебни оброци за уличните. Обично во остатоците ќе ставам некоја кучешка храна и ете им гозба 🙂

Јас и М го делиме органското ѓубре. Македонците не се нешто заинтересирани за рециклирање и не може да се пофалиме дека имаме контејнери за рециклирање на секој чекор. Затоа, М и јас сами си рециклираме. Го собираме сето органско ѓубре и го закопуваме во дупки на викендичката (каде што ми живеат останатите мачки, ако се сеќавате). Имаме ископано неголку големи дупки кои се преполни со органско ѓубре, а во дворот имаме најразновидни овошни дрвца кои знаеме дека ни се многу благодарни!

Мојата порака до вас со овој пост е: НИКОГАШ не си дозволувајте да фрлите храна! Дајте ја храната што не ви е потребна на улично куче или маче, на бездомник, на просјак. А органското ѓубре што ќе ви остане – ако самите немате двор, сигурно имате саксија или пријател/ка што има градина – дајте им го ѓубрето ним. Треба да ни прејде во навика да се грижиме за земјата. Таа ни дава толку многу и нѐ има навистина многу задолжено! Да се обидеме да ѝ вратиме барем дел од услугата.

Состојки
1 голема лажица обичен вегански путер
3 средни чешниња лук, ситно исечкани
1 средна главица црвен кромид, ситно исечкан
2 големи моркова
1 шолја црвена зелка, ситно исечкана
2 шолји прокељ, преполовен
1 голема лажица балсамико
1/2 шолја домашна салца
Сол
Шарен бибер, свежо измелен
Гомасио
Црника
Куркума

Подготовка
Земете едно големо тавче и стопете го путерот. Додајте ги ситно исечканиот лук и кромидот. Гответе на тивок оган. Морковите исечете ги на тркалца и штом лукот и кромидот омекнат додајте ги во тавчето. Додајте ја и зелката и гответе околу 2-3 минути на тивок оган. Додајте ги и половинките прокељ и гответе сѐ додека не почнете да го чувствувате мирисот на прокељот. Додајте го оцетот и по 2-3 минути додајте ја салцата. Гответе уште неколку минути за вкусовите убаво да се соединат. Додајте ги зачините и сервирајте топло со парче крцкав домашен француски леб.

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s