Messed Up Sarma :) / Растурена сарма

(Serves 6) / (за 6 лица)
Image

Let’s face it, sometimes despite your best intentions and your enormous wish to eat well and treat your body right, there just isn’t enough time, right? Some dishes may take ages to prepare and sometimes you simply have to find that way around them. This here is a variation of the original traditional dish sarma, that can take up to three hours to prepare because of all the delicate work involved. And I know I am not alone when I say three hours for a meal I am going to eat in 15 mins?! No f***ing way, man! This dish still gives you all of the nutrients that the sarma has and it takes only a third of the time you’d need to prepare the original recipe. I love cheats and tricks 🙂

Ingredients
1 medium sized leek, finely chopped
4 cups (700 g) sauerkraut, coarsely chopped
1 1/4 cup (150 g) walnuts, finely chopped
1 ½ cups rice
3 cups (400 g) button mushrooms, finely diced
1 large sized carrot, grated
2 large sized garlic cloves, chopped
6 Tbsp unrefined oil
Salt
Mixed pepper, freshly ground
Paprika
Other spices (optional)

Directions
Wash and grate the carrot. Set aside. Wash and finely chop the leek. Set aside. Wash and finely chop the mushrooms and the walnuts. Set aside. Wash the rice and set aside. Wash and chop the garlic and set aside.

Put a frying pan on the stove covering the bottom with oil (about 3 Tbsp). Once the oil is hot enough add the carrot. Fry a little. You should add the leek when the oil turns orange. Cook until the leek turns glassy and soft. Add the mushrooms and the walnuts. Cook for another 2-3 minutes. Add the rice and the garlic. After 2-3 minutes add the sauerkraut and the spices (salt, pepper, paprika). Remove from stove after approx. 1 minute. In a separate pot warm up the remaining 3 Tbsp oil. Preheat the oven to 200°C. Put the mixture in a clay pot, pour the hot oil over it and bake for about 30-40 minutes. It goes perfectly with a glass of red wine.

One love,
D
————————————————————————————————————————————-
Да бидеме искрени, понекогаш колку и да сакаме да се храниме здраво и да му го дадеме она што му е потребно на нашето тело, едноставно не можеме да најдеме доволно време, нели? Некои јадења одземаат претерано многу време и повремено треба да си наоѓаме начини да го заобиколуваме тој процес. Ова овде е варијација на оригиналниот рецепт за сарма, којшто може да ви одземе и до три часа поради сложениот начин на подготовка. И знам дека не сум единствена кога велам што, три часа за јадење што ќе го снема за 15 минути?! Нема теоретски шанси! Ова јадење ги содржи истите хранливи состојки што ги содржи и сармата, а ви одзема само третина од времето што ви е потребно за виткање сарми. Обожавам скратени патчиња 🙂

Состојки
1 средна главица праз, ситно исечкан
700 г кисела зелка, крупно исечкана
150 г ореви, ситно исечкани
5 раце ориз
400 г шампињони, исечкани на ситни коцки
1 голем морков, изрендан
2 големи чешниња лук, исечкани
6 големи лажици нерафинирано масло за јадење
Сол
Шарен бибер, свежо измелен
Црвена пипер
Други зачини (по желба)

Подготовка
Морковот се мие и се ренда. Се трга настрана. Празот се мие и се сечка ситно. Се трга настрана. Шампињоните и оревите се мијат и се сечкаат ситно. Се тргаат настрана. Оризот се мие и се трга настрана. Лукот се сечка и се трга настрана.

На оган се става подлабоко тавче со зејтин доволно да го покрие дното (околу 3 големи лажици). Штом зејтинот е доволно загреан се додава морковот. Се пржи кратко. Празот се додава дури откако зејтинот ќе добие портокалова боја од морковот. Се готви додека празот не омекне. Се додаваат шампињоните и оревите. Се готви уште 2-3 минути. Се додаваат оризот и лукот. По околу 2-3 минути се додаваат киселата зелка и зачините (сол, шарен бибер, црвена пипер). По околу една минута тавчето се трга од рингла. Останатите 3 големи лажици зејтин се загреваат во друг сад. Рерната се загрева на 200°С. Смесата се претура во земјен сад, се посипува одозгора со врелиот зејтин и се пече околу 30-40 минути. Оди одлично со чаша црвено вино.

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s