Warm Winter Balls / Топли зимски топчиња

(Serves 10-15) / (за 10-15 лица)
Image

Hello friends, sorry for not being able to post these last couple of days, but it has been rather hectic here. I am volunteering at an animal protection organization and there was this cat that got hit by a car Tuesday evening. It wasn’t until today that we finally found a foster home for her, the girl taking care of her is a nurse plus she loves animals. We believe she is in good hands. You can find her full story here.

So I have to publish four more posts (besides this one) so I can catch up on the time I’ve lost. I hope you don’t mind I cheat a little with the dates :). It is a good way for me to keep track of my posts and deliver my promise – 365 days and 365 mind blowing vegan recipes.
This is my pick of the day. It’s finger food and it’s sinfully tasty. You can even have it for breakfast it is so loaded with nutrients and therefore makes a great buddy to Mr. Big Morning Coffee Cup. They are also super easy to prepare. I hope you’ll like them.

Ingredients
4 1/2 cup (250 g) oat flakes (soak them in water right away)
1 1/4 cup (150 g) almond, hazelnut, walnut mix, freshly ground
2 Tbsp raw organic powdered cocoa
2 Tbsp organic agave syrup
1/2 kg fresh dates, minced
*Approx. 25 pieces
2 cups (100 g) raisins, halved
1 orange, squeezed
25-30 whole almonds or hazelnuts, or 15 walnut halves
2/3 cup (50 g) coconut flakes

Directions
Put all of the ingredients in a big deep bowl and knead until the dough is compact. Then take a golf-ball-sized piece of dough and put a whole almond, hazelnut, or half a walnut in the middle. Form a nice ball and roll it in coconut flakes. Put them on a cool plate and you can either serve them right away or store them in the fridge for a couple of hours and eat them cold. I like it when chocolaty things are cold, how about you?

One love,
D
————————————————————————————————————————-
Здраво на сите, се извинувам што не успеав да постирам ништо изминативе неколку дена, но тоа е така зашто излегоа некои непредвидени работи. Волонтирам во организација за заштита на животни и во вторникот вечерта една од активистите најде прегазено маче на улица, за среќа сè уште живо. Дури денес успеавме да ѝ најдеме привремен дом. Девојката што ќе ја причува е медицинска сестра и плус обожава животни. Сигурни сме дека е во одлични раце. Целата приказна за повреденото маче ја има на следниов линк.

Сега, покрај овој, треба да објавам уште четири поста за да го надоместам изгубеното време. Се надевам дека нема да ми замерите што малку ќе мамам со датумите, но само на тој начин ќе имам најдобра евиденција дали сум си го одржала ветувањето – да испорачам 365 неодоливо вкусни веган за 365 дена.

Ова е мојот денешен избор. Топчињата се лапни-голтни и се превкусни. Може да ги јадете и како појадок, преполни се со хранливи материи и одлично одат со утринско незасладено кафе. Освен тоа, многу лесно се подготвуваат. Се надевам дека ќе ви се допаднат.

Состојки

250 г овесни снегулки (се ставаат веднаш да киснат додека се спремат другите состојки)
150 г мешавина од лешник, бадем, орев (свежо измелени)
2 големи лажици сурово органско какао
2 големи лажици органски агаве сируп
1/2 кг свежи урми, ситно сечкани
*Приближно 25 парчиња
100 г суво црно грозје, сечкано на половинки
1 свежо исцеден портокал
25-30 цели бадеми или лешници / или 15 половинки од орев
50 г кокосови снегулки

Подготовка
Сите состојки се ставаат во голем длабок сад и се месат додека не се добие изедначена смеса. Откако смесата ќе стане хомогена се зема материјал со големина на голф топче, во средината се става цел лешник или половина орев (а може и солен бадем за да биде поинтересно) и се формира топче.

Готовите топчиња се валкаат во кокосови снегулки. Од оваа смеса треба да излезат околу 25-30 топчиња. Може веднаш да ги послужите на убава чинија, а може и да ги оставите да отстојат во фрижидер и да ги сервирате ладни по неколку часа. Јас многу сакам ладни чоколадни работи, а вие?

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s