Tangerine Peel Tea/ Чај од лушпа од мандарини

(Yields 1) / (за 1 лице)

DSCF9144Tangerines are still in season and they are tasty and their vibrant color just keeps me alive. I eat a lot of tangerines all the time, and i used to dry all the peels to make my own essential oil coz i though that if my parents always told me that you can not eat those, they must be poisonous. But one day i thought, those beautiful orange peels must have a lot of nutrients inside, so i searched around and i found out that the tangerine peel actually has more nutrients than the juice. It has 20 times more antioxidants than the tangerine fruit, helps lower bad cholesterol and it’s great for indigestion. And it’s not poisonous 🙂 So here’s how to make tangerine peel tea to make use of all those nutrients.

Ingredients

3 sheets dry  tangerine peel

250 ml water

any natural sweetener

Directions

After you eat your tangerine, wash the peel and let it dry for a couple of days (2-3), or put it on a radiator so it dries quicker. Boil the water, and take it aside, then add 3 sheets of tangerine peel, cover and let sit for 10 minutes. Strain the tea, add some sweetener and drink in those nutrients.

I sometimes make more, and put it in a large bottle to drink instead of juice. Although it’s best if you drink it freshly made. And party guests love the originality 😉

Enjoy the power of orange

Elena

—————————————————————————————————-

Мандарините се уште во сезона и се вкусни, а таа жива боја толку ме разведрува. Јадам многу мандарини, нонстоп, и порано ги сушев лушпите за да си правам есенцијално масло, зошто мислев дека штом родителите секогаш ми викале дека лушпата не се јаде, мора да е отровна. Ама еден ден си помислив дека портокаловите лушпи се толку убави и нема шанси да немаат некои здрави состојки во нив, затоа побарав информации и открив дека лушпата од мандарината всушност има повеќе здрави состојки од самото овошје. Има 20 пати повеќе антиоксиданси од овошјето, го намалува лошиот холестерол и е супер за дигестивни проблеми. А да, и не е отровна 🙂 Затоа, еве како да си направите чај од лушпата од мандарина и да ги искористите сите тие здрави состојки.

Состојки

3 листови сушена лушпа од мандарина

250 мл вода

било каков природен засладувач

Подготовка

Откако ќе ја изедете мандарината, измијте ја лушпата и оставете ја да се исуши неколку дена (2-3), или ставете ја на радијатор да се исуши побрзо. Зовријте ја водата, и тргнете ја настрана, потоа ставете 3 лушпи од мандарина, покријте и нека отстои 10 минути. Исцедете го чајот, додајте засладувач и испијте си ги сите тие хранливи здрави состојки.

Јас некогаш правам повеќе, и си го ставам во поголемо шише па го пијам наместо сок. Ама најдобро е кога го пиете тазе направено. А гостите ја сакаат оригиналноста 😉

Уживајте во моќтта на портокаловото

Елена

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s