Red Lentil Burgers / Ќофтиња од црвена леќа

(Serves 6) / (за 6 лица)
Image

It’s official – I’m sick! No fever, but nose is running like crazy. Not the best way to start a food post – I know 🙂 I’m not taking any drugs, I do not believe in drugs. There’s this tea we have here, the woman that owns the company has been working with herbs for 20 years now and she is very experienced. Bf recovered from pneumonia by drinking this tea only, because the drug and injection treatment didn’t help him at all. Since then, whenever we get a cold we just drink this tea three times a day for a couple of days and we’re as good as new.

The recipe I am posting today is actually one of my favorite types of patties. If you get the right amount (and ratio) of spices in – they will inevitably taste like real meat (which I don’t like, but I imagine there are people who do). You can bake or fry these. I prefer baking them because frying seems like too much work + not that vegan-friendly, right?

Ingredients
2 cups (about 400 g) red lentils
1 large carrot
1 medium sized red onion
3 large garlic cloves
Unrefined oil
Breadcrumbs
Mixed pepper, freshly ground
Marjoram
Turmeric
Rosemary
Savory
Fresh dill
Fresh parsley
Salt (if necessary)

Directions
Wash the lentils thoroughly and put them in a pot of salty water. Bring it to a boil and cook for 20 minutes or until the lentils soften. Strain and place in a food processor. Grate the onion, garlic, and the carrot and add them to the food processor. Process until smooth. Transfer the batter in a deep bowl and add the spices. Add salt if necessary. Add enough oil and breadcrumbs so that when you form patties they remain whole and do not break up. Preheat the oven to 390°F (200°C). Line the pan with parchment paper and place the prepared patties on it. Bake for 30-40 minutes or until the patties turn golden brown.

NB: You can also add 1 cup of nutritional yeast to give the patties a nice nutty & cheesy taste, but even if you leave off the yeast they will still taste amazing. The burgers in the pic are combined with veganese and hot ajvar (tomato and pepper sauce) which is a very tasty spread and everyone that’s tried it so far absolutely LOVED IT!

What is your favorite type of burger topping?

One love,
D
————————————————————————————————————————-
И јас се разболев! Немам температура, ама носот ми тече како луд. Знам дека вакви муабети не се за на кулинарски блог – ама морам да си кажам 🙂 Не пијам лекови, т.е. мразам лекови. Пијам еден чај, жената што го прави веќе 20 години работи со билки и има огромно искуство. М успеа да се излечи од бронхопневмонија со овој чај. Примаше и лекови и инјекции и на крај кога ништо не помогна и мораше да се прави пауза меѓу терапии – почна да го пие чајот и за 3 дена се излечи. Од тогаш штом се настинеме не пиеме ништо друго освен тој чај и со години не сме отишле на лекар. За 2-3 дена сме како нови. М веќе оздраве (речиси), а само еден и пол ден пие откако се настина.

Рецептот за денес е еден од моите омилени видови веге-плескавици. Ако успеете да направите добар сооднос од зачините, плескавиците сигурно ќе имаат вкус како месо (што на мене не ми се допаѓа, ама верувам дека има луѓе кои едвај чекаат таква храна). Ќофтињата може да се печат или да се пржат. Јас претпочитам да ги печам зашто пржењето ми е некако премногу замарање, а и пржење не е баш по веган-начела, нели?

Состојки
2 шолји црвена леќа
1 голем морков
1 средна главица црвен кромид
3 чешниња лук
Нерафинирано масло за јадење
Лебни трошки
Шарен бибер, свежо измелен
Ноктец
Мајоран
Зачин за месо
Куркума
Рузмарин
Чубрица
Свеж копар
Свеж магдонос

Подготовка
Леќата се чисти/мие и се става да се вари во тенџере со посолена вода. Откако ќе се свари (зрната треба да бидат омекнати), ставете ја во цедалка, а потоа префрлете ја во блендер. Кромидот, лукот и морковот изрендајте ги и додадете ги во блендерот. Миксирајте додека смесата не се изедначи, потоа префрлете ја смесата во поголем сад, додајте ги сите останати зачини/мирудии, маслото и лебните трошки и формирајте ќофтенца. Готовите ќофтенца редете ги на плех прекриен со хартија за печење и печете во рерна на 200°С додека не заруменат на површината.

Послужете додека се топли со сос по ваш вкус.

NB: Во смесата за ќофтиња може да додадете и една шолја нутритивен квасец што ќе им даде убав вкус што потсетува на кашкавал/сирење. Ама дури и да немате ваков квасец, ќофтињата сепак ќе излезат превкусни. Ќофтињата на фотографијата се комбинирани со веганез и лут ајвар.

Кој е вашиот омилен прелив за сендвичи?

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s