Homemade Potato Chips/ Домашен чипс од компири

(Serves 2) / (за 2 лица)

DSCF9100I really try to eat healthy all the time, but sometimes there’s just too much temptation in this world. Am I right? 🙂 I mean, how could you possibly watch a movie or work all day on the laptop without snacks. Tasty chips and other stuff that comes in a bag, yummy. But then I made the mistake of reading the label. Really bad idea.

Potato has iron, folic acid, magnesium, potassium, and selenium. Plus they say that it can lower your blood pressure, and has a lot of fiber you need for proper digestion. But, I doubt it has any of that after it goes through frying, artificial flavors and preservatives.

So my BF actually dug up a recipe for oven baked healthy potato chips, that’s actually tastier than the store bought one, and you can make your own flavor ;).

Ingredients
4 big potatoes
olive oil
pepper
salt

Directions
Wash the potatoes from dirt, peel them (I know you hate it), and then cut them in circles about 1 inch thick. It’s easiest if you use a mandolin, but if you don’t have one just a sharp knife and try to make them as thin as possible, but not too thin. Place the cut potatoes in a bigger bowl and put olive oil, salt and pepper, mix it all together with hands so it sticks to each chip. Other flavors you can try are red pepper, curry, oregano, or any other spice you have at home. Put aluminum foil on the oven rack, grease it with some oil and lay the potatoes in a single layer and bake them for 30 minutes at 400 Fahrenheit. Take them out when ready and let them cool.

Enjoy your guilt free snack and please share if you have one too 🙂

Elena

————————————————————————————————————————————————-

Навистина се обидувам да се хранам здраво нон-стоп, ама понекогаш едноставно има премногу искушенија во светот. Во право сум, нели? 🙂 Невозможно е да гледаш филм или да работиш на лаптоп цел ден без некоја грицка. Вкусен чипс или некои други грицки спремни и готови во кесе – прсти да излижеш. И тогаш направив грешка и ја прочитав етикетата. Лоша идеја!

Компирот содржи значителни количини на железо, фолна киселина, магнезиум, калиум и селен кои му се потребни на човекот. Плус истражувањата велат дека го намалува крвниот притисок и е полн со растителни влакна потребни за правилно варење на храната. Ама се сомневам дека нешто од тоа останува по пржењето, вештачки додадените вкусови и конзервансите.

И така дечко ми изнајде рецепт за здрав чипс од компири печен во рерна, што е далеку повкусен од кој било купечки.

Состојки
4 поголеми компири
маслиново масло
сол
бибер

Подготовка
Измијте ги компирите од земја, излупете ги (знам колку мразите) и исечете ги на крукчиња со дебелина од отприлика 3 сантиметри. Најлесно е ако имате ренде специјално за сецкање, ама можете и со остар нож, само пробајте да ги направите најтенко што можете, ама не како ливчиња. Ставете ги крукчињата во подлабок сад, ставете масло, сол и бибер и измешајте сè убаво со раце за да се залепи за секое парче. Може да пробате разни вкусови како црвен пипер, кари, оригано и кој било друг зачин кој ви се наоѓа по дома. Ставете алуминиумска фолија на решетката од рерна, намачкајте ја со малку масло, наредете ги парчињата компир во еден слој и печете ги во рерна околу 30 минути на 230 степени Целзиусови. Кога ќе бидат готови извадете ги, и оставете ги малку да се изладат.

Уживајте во вашите грицки без чувство на вина и споделете ако и вие имате рецепт за здрави грицки!

Елена

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s