Vegan Onion Rings / Вегански прстенчиња од кромид

(Serves 3) / (за 3 лица)
Image

Are you ready for this one boys and girls? I think you’re NOT cause this is the best thing after my irresistible hot chocolate recipe from a while ago. Onion rings. Yay! And not regular deep fried-messy fat flying all over the place-guilt searing onion rings. These are the nice kind. They’re friends. Everybody say hi :))

I found the recipe thanks to Mercy for Animals. They posted this list of 7 Must-Make Vegan Recipes for Super Bowl Sunday on their FB page. The name of the original recipe is OMG Onion Rings. And OMG indeed! I made slight alterations re milk quantity, and I didn’t have enough bread crumbs like it said in the recipe, so I added corn meal. They still turned out magnificent! I didn’t have any cooking spray either so I drizzled some oil on top. As you can see from my pic, mine are with much smaller holes in the middle (I don’t like wasting food, what can I say)… The parts I removed to make the holes still ended up on the baking tray – they just weren’t included in the pic (did I hear someone say perfectionist?!).

And without further ado I present you the recipe.

Ingredients
2 large sized red onions (1 pound / 500 g)
1/2 cup all purpose flour
2 Tbsp corn starch
1/2 cup cold almond milk
1 tsp apple cider (barrique)

2/3 cup bread crumbs
1/3 cup corn meal
Vegeta
*We have this mixed spice here in Macedonia, and salt is already a part of it. So if you happen to use it in your recipe, try the mixture first before adding more salt. If you can’t use it read the article from the hyperlink and try to make it yourself.
Salt (to taste)
1 tsp sumac
1 tsp smoked paprika
Mixed pepper, freshly ground
2 Tbsp unrefined oil

Directions
Hint: The original recipe states that you will not use up the whole coating batter or all of the onions. But in this recipe everything is used up down to the last drop/crumb 🙂
Slice the onions into 3/4 inch (2 cm) thick rings. Separate the rings and set aside. Red onions are not as aggressive with your eyes as other types are, so you don’t have to worry that you will be constantly crying while preparing the coating batters.

Preheat oven to 480°F (250°C) and line a baking tray with parchment paper. If you don’t have any cooking spray (just like me) use a whole block of vegan butter to lightly grease the paper. Do this by rubbing the paper gently with the whole block of butter (do not remove the whole packaging and don’t allow your hand to be in direct contact with the butter).

You will need two bowls for batter and breading. Cereal bowls work great.

Put the flour and corn starch in one bowl, add the milk and stir vigorously until all lumps are dissolved. Add the vinegar, and mix again.

In the other bowl mix together the bread crumbs, corn meal, and spices. Drizzle the 2 Tbsp of oil and mix it up using your fingertips.

Starting from left to right line the onion rings, the flour batter, the bread crumbs mixture, and the baking tray. Use one hand to coat them in the batter, and the other to bread them. Do not mix hands. If I did it so can you! I felt like a moron in the beginning because my brain wouldn’t cooperate, but after the first successful ring I was on fire baby!

In the end drizzle some oil on top of the rings (again, if you don’t have any cooking spray) and bake for 10 minutes. Turn the rings over and bake for another 10 minutes (bf wants them well done, so this is why we charred them for so long; if you want them not so well done you can bake for 8 and 6 minutes, respectively).

We had them with my honey-mustard wannabe and a simple potato salad.

One love,
D
————————————————————————————————————————-
Каков рецепт имам за вас денес..мф, мф, мф! Не сте пробале ништо повкусно од рецептот со неодоливото топло чоколадо што го постирав пред некое време. Прстени од кромид. Јупииииииииииииииииииииии! Само ова не се обични премрсни прженици за дебелеење. Овие се пријателски прстенчиња :))

Рецептот го најдов во еден список со вегански рецепти 7 Must-Make Vegan Recipes for Super Bowl Sunday што Mercy for Animals го постираа на својата ФБ страница. Оригиналниот рецепт се вика Божествени прстени од кромид. И навистина се божествени! Во мојот рецепт е изменета количината на млекото, а и немав доволно лебни трошки, па ставив брашно за палента. Сепак излегоа одлични! Немав ни спреј за готвење, па на крај само ги попрскав прстените со малку масло пред да ги ставам да се печат. Како што може да видите од мојата фотографија, моите прстенчиња од кромид имаат многу помала дупка во средината (не сакам да фрлам храна, тоа е)… Оние делови што ги отстранив сепак завршија на плехот за печење – само што не завршија на фотографијата (некој рече перфекционист?!).

И да не одолговлекувам повеќе, повелете рецептот.

Состојки
2 големи црвени кромида (околу 500 г)
1/2 шолја сенаменско брашно
2 големи лажици густин (нишесте)
1/2 шолја ладно млеко од бадеми
1 мала лажичка јаболков оцет (барик)

2/3 шолја лебни трошки
1/3 шолја брашно за палента
Вегета (по вкус)
Сол (по вкус)
1 мала лажичка сумак
1 мала лажичка црвена пипер
Шарен бибер, свежо измелен
1 голема лажица нерафинирано масло

Подготовка
Совет: Во оригиналниот рецепт пишува дека ќе ви остане голем дел од смесата со сенаменското брашно и од онаа со лебните трошки. Исто така, пишува и дека нема да го искористите целиот кромид. Во мојот рецепт е искористено сѐ до последната капка/трошка 🙂

Кромидот исечете го на кругови дебели 1,5-2 цм. Одвојте ги прстените и тргнете го настрана. Црвениот кромид најчесто не смета на очите, така што не мора да се плашите дека ви е близу и дека ќе се убиете од плачење додека ги правите смесите за панирање.

Рерната загрејте ја на 250°C и обложете ја со мрсна хартија тавата за печење од шпоретот. Ако немате спреј за готвење (исто како мене) земете цел вегански путер (отворен само од една стр, така што нема да имате директен контакт со гола рака). Нежно поминете со путерот по мрсната хартија.

Ќе ви требаат две длабоки чинии – едната за смесата со брашно и млеко, а другата за смесата со лебните трошки. Ако имате длабоки чинии за супа – одлично!.

Во едната чинија ставете ги брашното и густинот. Додајте го млекото и мешајте убаво додека не се разбијат сите грутки. Додајте го оцетот и мешајте за смесата убаво да се соедини.

Во другата чинија измешајте ги лебните трошки, палентата и зачините. Ставете ги двете големи лажици масло и со врвовите на прстите измешајте ја убаво смесата.

Од лево кон десно наредете ги прво кромидот, па смесата со брашно и млеко, па смесата со лебни трошки и на крај плехот за печење. Внимавајте да не ги мешате рацете кога ќе ги валкате во двете смеси, т.е. за првата смеса да ја користите само левата рака, а за втората смеса – само десната. Јас успеав, што значи и вие ќе успеете! На почетокот се чувствував како последен идиот зашто мозокот одбиваше да ми соработува, ама откако го направив првиот успешен прстен почнав да работам како машина!

Откако сите прстени се наредени и спремни за печење попрскајте ги со малку масло (уште еднаш, ако немате спреј за готвење) и печете не повеќе од 10 минути. По првите десет минути извадете ги од рерна, превртете ги од другата страна и печете уште 10 минути (М сака кога јадењата се попечени, па затоа толку долго ги правевме, ако сакате може да ги правите 8 од една стр. и 6 минути од друга).

Ние ги јадевме со сосот со „мед“ и сенф и обична компир-салата.

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s