Vegan Pancakes / Посни пишии

(Serves 6) / (за 6 лица)
Image

We don’t really call these pancakes in Macedonia. In fact our concept of pancakes is actually French crêpes, not the thick American pancakes. But these are no crêpes either. It’s a dialectal word for a recipe traditional to the city of Kavadarci located in southeastern Macedonia. And that word is pišii, it’s pronounced [pēshēē]. There, now you know what you’ll be having when you come to Kavadarci. Just make sure they’re vegan :))

There are numerous recipes like these. Our foremothers used to cook predominantly vegan meals in the past. They worked all day in the fields – growing vegetables and grains, eggs were scarce, and only the rich people were involved in husbandry. So there are many many vegan recipes in our tradition, and I’m planning on digging up every single one of them.

The original recipe I found calls for regular all purpose flour (T40), but I used T55. I started using it in the bread maker. Once (long time ago) I even made crêpes with it, and bf fell head over heels in love with them. That is why I decided to use the same flour in this recipe (and in every other since). I have to say I had my doubts once I started kneading. I was hesitant in the beginning, then I got angry, and in the end when I tasted the first ‘pancake’ I was overwhelmed with joy. This is my first time making these, so far I’ve only watched my grandma make them, and I never even knew what she makes them with. So kudos for me 🙂

Ingredients
600 g (a little over 1 pound) T55 flour i.e. baking flour
300 ml (1 1/5 cup) beer + more if needed additionally to adjust the dough tenderness
100 ml (2/5 cup) soy milk
1/2 Tbsp baking soda
1/2 Tbsp salt
1 pkg (12 g) baking powder
Unrefined oil (for frying)

Directions
Take a large bowl, put the flour, make a hole in the middle, and add all of the remaining ingredients. I started mixing it with a Tbsp, but you can use your hand right away if you want to. Start kneading the dough. On a local forum I found a pretty decent description re dough consistency. It should feel like a firm breast. So there you go – once you have it feeling like a nice breast take a rolling pin and roll the dough until it’s about 1/2 cm (1/5 inch) thick. If you want to go the American style take a glass 5 cm (2 inches) in diameter /or any other desired diameter, it doesn’t matter really/ and cut out circles. I cut the dough in 3 x 5 cm (1.2 x 2 inches) rectangles – which is the traditional way of doing it. You can do with it whatever you like, as long as it’s 1/2 cm (1/5 inch) thick all over.

Prepare a skillet. Mine was about 20 cm (approx. 8 inches) in diameter. I put oil in it enough to cover the bottom and a tad more, no need to go deep-frying on this one. Let the oil warm up good and fry the ‘pancakes’ over high heat on both sides. Place the fried ones in a large bowl with a paper towel to absorb the extra greasiness. Though, mine were not at all greasy, I don’t know if it was the flour or the really really hot oil. I remember my grandma’s pancakes being really greasy.

These go wonderfully with some vegan cheese, preferably homemade. If you want them sweet try vegan chocolate cream with seasonal fruit (vegan cream cheese is a nice addition here too). You can also use vegan frosting – for which I’ll post the recipe real soon so stay tuned!

One love,
D
————————————————————————————————————————————————-
Има многу рецепти за пишии. Пишиите се традиционален македонски рецепт и потекнуваат од Кавадарци. Нашите прабаби готвеле главно вегански (посни) јадења во минатото. По цел ден се работело на нива и се одгледувале зеленчуци и житарки, jајцата биле луксуз, а само побогатите се занимавале со сточарство. Затоа и во нашата традиционална кујна има толку многу посни специјалитети. И јас планирам да ги ископам сите до еден.

Рецептот што го најдов се прави со обично сенаменско брашно (тип 400), ама јас ставив тип 500. Ова брашно почнав да го користам поради машината за леб што ја купивме – само со такво брашно се рецептите. Освен тоа, еднаш одамна направив палачинки со ова брашно и М во несвест падна од убавини. Оттогаш најчесто тоа брашно го користам во рецепти. Морам да признам дека на почетокот ми изгледаше страшно – тестото ми беше тврдо, почнав да се нервирам, ама кога ја пробав првата пишија се убив од радување. Првпат правам пишии, досега само баба ми ја имам гледано како ги прави и не ни знам од што ги правела. Браво за мене 🙂

Состојки
600 г брашно тип 500, т.е. пекарско брашно
300 мл (1 1/5 шолја) пиво + ако има потреба од уште додека се добие посакуваната конзистенција на тестото
100 мл (2/5 шолја) млеко од соја
1/2 голема лажица сода бикарбона
1/2 голема лажица сол
1 пакетче (12 г) прашок за печиво
Нерафинирано масло (за пржење)

Подготовка
Ставете го брашното во длабока чинија и направете дупка на средина, па додајте ги сите останати состојки. Јас почнав да мешам со голема лажица, но ако сакате може веднаш да почнете да мешате со рака. Почнете да месите додека тестото не стане компактно. На еден форум наидов на доста пластичен приказ за тоа какво треба да биде на допир тестото за пишии – како цврста цицка. Ако го допирате и ви делува како цврста цицка значи добро е. Расукајте го тестото додека не добиете кора со дебелина од 1/2 цм. Ако сакате пишиите да ги направите како кругови земете чаша со дијаметар од 5 цм. Според традиционалниот рецепт пишиите се сечат на баклави, така и баба ми ги правеше. Димензиите на секоја баклава се приближно 3 x 5 цм. Можете да ги направите во каква сакате форма, битно е само кората да не е подебела од од 1/2 цм.

Во тавче со дијаметар од околу 20 цм загрејте масло. Доволно е да ставите масло колку да се покрие дното и нешто малку повеќе. Нема потреба да ставате преголема количина масло зашто пишиите веднаш се пржат и не цицаат зејтин. Оставете зејтинот убаво да се загрее, само внимавајте да не ви загори. Пишиите пржете ги на силен оган и свртете ги од двете страни за рамномерно да се испржат. Земете длабока чинија и обложете ја со салфетки. Во неа ќе ги редите готовите пишии. Над секој ред готови пишии ставате нова салфетка за да го впие вишокот мрснотија. Во мојот случај пишиите воопшто не беа мрсни и не можам да кажам дали причината за тоа беше исклучително врелиот зејтин или брашното. Се сеќавам дека тие на баба ми беа доста мрсни.

Како прилог за пишиите може да искористите најразлични видови посни макала или некое веганско домашно направено сирење. А ако сакате да ги јадете благи, сервирајте ги со посен чоколаден крем и сечкано сезонско овошје. Може да си направите и посен шлаг – рецептот ќе ви го откријам наскоро. Следете ме!

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s