Vegan Bajadera / Посна бајадера

(Serves 15) / (за 15 лица)
Image

It’s been a while since I posted something sweet, huh? Well this traditional Croatian recipe will blow your mind! It’s a high-end dessert – incredibly rich and I bet you won’t be able to eat past the third piece (OK fifth :)) no matter how insatiable your sweet tooth is! This is another regular at Macedonian Saint Patron’s Day. Remember the Olivier Salad a feast table cannot go without. Well this is its sweet counterpart.

Ingredients
2 1/2 cups (500 g) unrefined brown sugar
2/5 cup (100 ml) water
1 cup + 2.5 Tbsp / 7 oz. (200 g) dark chocolate
3 cups (300 g) walnuts, ground
3 cups (300 g) vegan biscuits, ground
1 cup / 8 oz. (250 g) vegan butter
5 Tbsp any plant based milk (preferably almond or hazelnut)
1 Tbsp unrefined oil

Directions
Place the sugar in a pot and add the water. Bring to a boil stirring constantly. If the batter is too thick add some more water, 1 Tbsp at a time (but not more than 3 Tbsp total). Now add the butter to the water and sugar, stir until it dissolves. Add the ground walnuts and biscuits. Mix until a smooth batter is formed. Divide it into three equal parts. Take 2/3 of the batter and add half of the dark chocolate, but melt it first! Mix until well combined and set aside. This is your dark batter, and the remaining 1/3 is the light batter.

Take a rectangle baking pan and line it with parchment paper. Grease the paper with a butter stick or oil (if you’re out of butter). Put in the dark batter and spread it evenly. The surface should be flat. Now add the light batter and spread that evenly too. Again, flat surface! It would be best if you could leave the pan in a cold place. Fridge maybe? Even freezer? Anyway, this is only optional and you can totally leave it at room temp. while preparing the frosting.

In a double boiler melt the remaining half of the dark chocolate with the milk and the oil. Pour over the white batter and let it cool for about 20-30 minutes. Place in fridge for at least a few hours or overnight. Next day cut in cuboids and serve cold with favorite vegan coffee. I loooooooooooove cold chocolate!

One love,
D
————————————————————————————————————————-
Одамна не сум постирала нешто благо, м? Тогаш овој традиционален хрватски рецепт е добредојден, нели? Бајадерата е елегантен десерт – има исклучително богат вкус и сигурна сум дека нема шанси да изедете три парчиња (добро, пет :)) без оглед колку и да сте незаситни од благо! И бајадерата како и Руската салата е неизбежен дел од нашите прослави, а особено од славите.

Состојки
500 г нерафиниран кафеав шеќер
100 мл вода
200 г темно чоколадо
300 г ореви, мелени
300 г посни бисквити, мелени
*Од неодамна и Плазма имаат линија посни бисквити, што имаат ист вкус како и обичните
250 г вегански путер
5 големи лажици какво било растително млеко (пожелно е од бадеми или лешници)
1 голема лажица нерафинирано масло

Подготовка
Ставете го шеќерот во тенџере и додајте му ја водата. Мешајте постојано додека не зоврие. Ако смесата ви се чини премногу густа додајте уште вода, но внимавајте да додавате постепено по 1 супена лажица (не додавајте повеќе од 3 супени лажици). Штом шербетот е готов додајте го путерот и мешајте додека цел не се растопи. Потоа додајте ги мелените бисквити и ореви и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Смесата поделете ја на три еднакви делови. Во 2/3 ставете 100 г чоколадо претходно стопено. Мешајте додека не се соединат убаво состојките и тргнете настрана. Ова ќе ви биде темната смеса, а останатата 1/3 е светлата смеса.

Земете правоаголно тавче за печење и обложете го со мрсна хартија. Хартијата дополнително намрсете ја со путер или со масло. Ставете ја прво темната смеса и убаво и еднакво распоредете ја по дното на тавчето. Површината треба да биде мазна. Сега ставете ја и светлата смеса одозгора и распоредете ја еднакво. Повторно површината треба да биде мазна. Најдобро е тавчето веднаш да го ставите во фрижидер додека ја подготвувате глазурата. Ако сакате може да го ставите и во замрзнувач, но може и да го оставите на собна температура. Нема ништо страшно да се случи.

Ставете ги преостанатите 100 г темно чоколадо во тенџере над врела вода, заедно со млекото и маслото. Мешајте додека чоколадото целосно не се стопи. Прелијте ја бајадерата во тавчето и оставете на собна температура околу 20-30 минути. Потоа префрлете ја бајадерата во фрижидер и оставете ја преку ноќ. Наредниот ден исечете ја на квадари и послужете ја со омиленото незасладено кафе. Јас обожааааааааааааааавам ладно чоколадо, а вие?

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s