Broccoli and Ginger Potage / Потаж од брокула и ѓумбир

(Serves 6) / (за 6 лица)

Image

Hello friends,
I hope you’re having a great day. Unfortunately I’ve got some bad news…bf got a cold yesterday and today I started feeling kind of uneasy too. That didn’t prevent me from heading straight for the kitchen after work and preparing this exquisite potage – one of my favorite types of soup.

This was again one of those first-let’s-see-what’s-left-in-the-fridge moments. So I took some of the potatoes and Shiitake mushrooms we made this Sunday when we were having lunch at my parents’ (however, if you don’t have any leftovers like these just follow the recipe). I know I’ve already said this but I REALLY hate having to eat the same meal few days in a row. That is why recycling is my thing. And recycling food is what I like best, be it a quick meal for my 7 (+7) cats or for me and bf. Besides, I agree to everything with a twist 🙂

Ingredients
5 medium sized carrots
1 very tiny ginger
1/4 cup celery, grated
3 garlic cloves, finely chopped
2 medium sized potatoes, coarsely chopped
10 cups water
1 cup (200 g) shiitake mushrooms
5 medium sized Brussels sprouts
2 cups (300 g) broccoli, coarsely chopped
Salt
Mixed pepper, freshly ground
Vegeta

Directions
Cut the carrots and the ginger into circles. Take a large pot and cover the bottom with a thin layer of oil. Put the carrots and the ginger and fry a couple of minutes or until the oil turns orange, on medium-high heat.
*Carrots are rich in carotene and our bodies best absorb carotenoids if the carotenoid-containing vegetables are chopped or puréed and cooked in oil.

Grate the celery and finely chop the garlic. Add them to the pot and fry for another minute or so before adding about 10 cups of cold water. Add the Vegeta and the potatoes and cook for about 15 minutes on high heat. The carrots and the potatoes should be relatively soft before you add the mushrooms. Add the broccoli, the Brussels sprouts, the salt and the pepper.
**Have in mind that the broccoli and the Brussels sprouts go in the pot 2-3 minutes before you take it off the stove. If you cook the broccoli longer than this you will decrease its nutritional value.

Remove the pot from the stove. Strain the water in another pot and reserve it. Take e hand blender and purée the mixture. Put the reserved water back into the original pot and bring to a boil. Serve extra warm 🙂

One love,
D
————————————————————————————————————————-
Здраво пријатели,
Се надевам дека имавте одличен ден. За жал, јас имам не толку добри вести…М вчера настина, а денес и јас почнав да се чувствувам некако малаксано. Секако тоа не ме спречи штом се вратив од работа да фатам правец кујна и да го направам овој префинет потаж – еден од моите омилени видови супа.

И овојпат имаше ѕиркање во фрижидерот и ловење остатоци од храна од претходни денови. Видов дека има цела тегла со печени компири и шитаке печурки што ни остана од неделниот семеен ручек кај моите, па ги искористив (ако немате остатоци, само следете го рецептот). Знам дека веќе го имам кажано ова, ама НАВИСТИНА многу мразам да јадам исто јадење неколку дена по ред. Затоа многу сакам рециклирање. А најмногу сакам кога рециклирам храна, било да се работи за некој брз оброк за моите 7 (+ 7) мачиња или за мене и за М. Освен тоа, сакам необични работи 🙂

Состојки
5 средни моркови
1 сосема малечок свеж ѓумбир
1/4 шолја целер, рендан
3 чешниња лук, ситно исечкани
2 средни компира, крупно исечкани
10 шолји вода
1 шолја (200 г) шитаке
5 средно големи прокељчиња
2 шолји (300 г) брокула, крупно исечкана
Сол
Шарен бибер, свежо измелен
Вегета (без конзерванси)

Подготовка
Морковите и ѓумбирот исечкајте ги на кругови. Земете големо тенџере и ставете масло колку да се покрие дното. Пржете на тивок оган неколку минути, односно додека маслото не добие портокалова боја.
*Морковите се богати со каротен, а нашиот организам најдобро апсорбира состојки од класата каротеноиди ако зеленчукот се исечка или се претвори во пире и се готви во масло.

Изрендајте го целерот и ситно исечкајте го лукот. Додајте ги во тенџерето и пржете уште една-две минути, па додајте ја водата. Додајте ја вегетата и засилете го огнот. Гответе околу 15 минути. Морковите и компирите треба да бидат релативно меки пред да ги додадете печурките. Додајте ги брокулата и прокељот. Зачинете.
**Имајте на ум дека брокулата и прокељот треба да ги ставите да се варат 2-3 минути пред да го тргнете тенџерето од рингла. Ако ја готвите брокулата подолго ќе ги уништите сите хранливи состојки.

Тргнете го тенџерето од оган и исцедете ја водата во друго тенџере. Не ја фрлајте! Сите зеленчуци изблендирајте ги со рачен блендер. Вратете ја водата назад и вратете го тенџерето на рингла. Доволно е само да зоврие и може да послужите екстра жешко 🙂

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s