Vegan Tiramisu / Веганско тирамису

VeganTiramisu
(Serves 3) / (За 3 лица)

As you all know, I’m an activist and founder of an Animal and Environment Protection Association, and at the end of last month (September 27 to be more precise) we organized the first ever Vegan Picnic in Macedonia. It was called Skopje VeggiePicnic. Despite the cloudy weather (not that good a side when it comes to picnic meals) we had over 300-400 people and we managed to gather a lot of funds for strays. Yaaaaaaaaaaaaay! Aside from this benefit, we also taught the visitors (many of them still meat-eaters, or at least vegetarian) that you could make an amazing tiramisu without a single animal-sourced ingredient. Still suspicious? We had a competition at the Picnic, it was called the Vegan Cook-Off and the participants competed in preparing the best vegan tiramisu. Meat-eating members of the audience tasted the entries and awarded 1, 2, and 3 place. I present you here the winner recipe with some alterations/additions of my own.

Hint: Please bear in mind that the cashew cream will not taste or feel like dairy cream if it is not made in a high-speed blender. When I started eating vegan I made this mistake and it costed me renouncing cashew cream altogether (until now). You cannot achieve the same taste using a(n) hand (immersion) blender and such. You have to use a high-speed blender. If you don’t own one, borrow it from a friend that does. Believe me that it will be worth your while.

Ingredients
250 g cashew nuts (soaked overnight)
1 cup (250 ml) water
4 Tbsp brown sugar
2 pkgs vanilla scented sugar
60 g vegan butter
½ lemon (squeezed)
½ cup (125 ml) fresh made espresso with 2 Tbsp rum
150 g vegan biscuits
1 ½ Tbsp raw unsweetened cocoa for dusting

Directions
Thoroughly wash the cashews and soak them overnight. Then place them in a high-speed blender with 1 cup of water.

Separately using a mixer, mix the butter with the sugar and the vanilla. Place this batter in the cashew mixture, add the lemon juice and blend everything until smooth.

Soak the biscuits in the coffee/rum mixture and start placing them in a rectangular vessel, dimensions 14(w)x21(l)x6(h) cm. As soon as you finish with the first layer of coffee/rum soaked biscuits add 1/3 of the cashew cream. Repeat the procedure 3 times. Dust with the raw cocoa and place in the fridge for 1 hr or in the freezer for 30 mins.

Serve cold with a nice warm cup of espresso.

One love,
D
————————————————————————————–
Како што веќе знаете, активист сум и основач на Здружение за заштита на животни и животна средина и на крајот на минатиот месец (поточно на 27 септември), го организиравме првиот вегански пикник во Македонија – Скопје ВегеПикник. И покрај облачното време (што не е баш добар гарнир за излетска храна) имавме околу 300-400 посетители и успеавме да собереме доста средства за бездомните животни. Јухуууууууууу! Освен оваа придобивка, исто така, ги научивме и посетителите (од кои најголемиот дел беа месојадни или барем вегетаријанци) дека превкусно тирамису може да се направи и без ниедна состојка од животинско потекло. Сѐ уште не сте баш уверени? На Пикникот имавме натпревар, се викаше Vegan Cook-Off. Учесниците се натпреваруваа во подготвување на најубаво веганско (посно) тирамису. Избравме жири од публиката составено од луѓе што сѐ уште јадат месо. Тие ги пробуваа јадењата од натпреварувачите и доделија прво, второ и трето место. Со вас денес го споделувам победничкиот рецепт со неколку мои измени/дополнувања.

Совет: Ве молам имајте на ум дека кремот од индиски ореви нема да има ни вкус ни текстура како млечен крем ако не го направите во моќен блендер. Кога почнав да се хранам вегански ја направив оваа грешка и поради тоа се имав откажано од кремот од индиски ореви (сѐ досега). Нема да го постигнете истиот вкус ако користите рачен или некој друг обичен блендер. Мора да користите моќен блендер. Ако самите немате, позајмете од некој што има. Верувајте ми дека разликата е огромна и навистина ќе ви се исплати во однос на крајниот резултат.

Состојки
250 г. индиски ореви (искиснати преку ноќ)
1 шолја (250 мл) вода
4 г. лаж. кафеав шеќер
2 пак. ванилин шеќер
60 г. вегански путер
½ лимон (исцеден сок)
½ шолја (125 мл) свежо еспресо со 2 г. лаж. рум
150 г. посни бисквити („Плазма“)
1 ½ гол. лаж. какао за наросување

Подготовка
Индиските се киснат преку ноќ. Се блендираат со 1 шолја вода. Путерот се миксира со 4 големи лажици кафеав шеќер и со ванилиниот шеќер. Смесата со путерот се додава во блендерот со индиските ореви и се додава исцедениот сок. Се бленда заедно сè.

Бисквитите се потопуваат во кафето и се редат во правоаголен сад (ш)14х(д)21х(в)6. Се реди еден ред и се става врз него крем. Така трипати и најгоре се наросува какао. Се остава во фрижидер да се стегне околу 1 час (или во замрзнувач ½ час).

Послужете ладно со шолја топло еспресо.

Со љубов,
Д

Advertisements

Grandma’s Chocolate Cream / Еурокремот на баба

(Makes spread for 2 slices of bread) / (Намаз за 2 кришки леб)

DSCF9148

When I was a child I spent all my summers at my grandmother’s place in the country side. We were poor then and had a simple life, but I grew up in a yard filled with fresh fruits and vegetables, so I guess we had a lot more than some. Back then whenever we wanted something sweet, my grandma made us her own version of chocolate cream. To this day I still eat this, it takes me back to my childhood and reminds me how lucky I was growing up amongst all those natural free products the earth gave us.

It’s a very personal memory, but I’d like to share it with you, like my great grandmother did with my grandma, and my grandma with my mum and all her grandchildren.

Ingredients
2 teaspoons of cocoa powder
2 teaspoons of sugar
1 teaspoon sunflower oil
a couple of fresh or dried geranium leaves

Directions
Grind up the sugar and geranium together so you get a geranium smelling sugar, and then add the cocoa powder and sunflower oil. Spread on bread and enjoy the taste. Trust me, it’s much better than any other commercial chocolate spread (no matter how difficult it is to believe).

Always find ways to awaken the child within,

Elena

——————————————————————————

Кога бев дете сите лета ги поминував во куќата на баба ми на село. Бевме сиромашни и водевме едноставен живот, ама пораснав во двор полн со свежо овошје и зелечук, па најверојатно имав многу повеќе од други. Тогаш, кога ќе сакавме нешто благо, баба ми ни правеше нејзина верзија на еурокрем. И денес уште го јадам ова, ме враќа назад во детството и ме потсетува колку сум била среќна што сум пораснала меѓу сите тие природни бесплатни продукти што ни ги дарила земјата.

Ова сеќавање ми е многу лично, ама би сакала да го споделам со вас, исто како мојата прабаба со мојата баба, и мојата баба со мајка ми и нејзините внучиња.

Состојки
2 мали лажички какао во прав
2 мали лажички шеќер
1 мала лажичка сончогледово масло
неколку свежи или исушени ливчиња здравец

Подготовка
Истолчете ги здравецот и шеќерот заедно за да добиете шеќер со вкус на здравец, па додајте ги какаото и сончогледовото масло. Намачкајте го на кришки леб и уживајте во вкусот. Верувајте ми, многу е повкусно од кој било еурокрем купен во продавница (колку и да не ви се верува).

Секогаш најдете начин да го разбудите детето во вас,

Елена