Tabbouleh Salad / Салата „Табуле“

(Serves 4 / За 4 лица)
Tabbouleh Salad final

It’s summer…you’re hot…you’re hungry, but you’re out of ideas?! Just turn to the Arab cuisine for inspiration. It’s abundant in highly energizing and healthy meal options. And this is one option I tend to exploit the most 🙂
Continue reading

Advertisements

„B4 spring“ Vitamin salad/ Витаминска салата „Пред пролет“

(Serves 2) / (за 2 лица)

DSCF9114Sometimes people find it funny how much i get excited over all those beautiful colors that vegetables and fruits have. But, i am mostly a visual person, and when i eat vibrant looking food i immediately feel better. I think eastern cuisine is also based on this principle, so i’m not the only one that’s color crazy :). I eat this salad a lot in this period, before spring, because your body is tortured from the cold and gloomy winter, skin is dry and now you need all the vitamins you can eat to get it into shape before those bright sun rays hit.

Beetroot and carrot and loaded with vitamins and organic acids, and they both have vibrant colors good to look at, and the apple is for beauty, or so the old pagans thought. But medicine says that besides lowering the bad cholesterol, the apple is also good for your hair and skin- so the pagans were right after all.

Ingredients:

1 beetroot

2 carrots

1 apple

1 bunch of parsley

salt, pepper, olive oil, balsamic vinegar

Directions

Just grind the beetroot, carrot and apple, chop the parsley and mix it all up with salt, pepper, olive oil and balsamic vinegar. Adjust the taste and don’t put too much balsamic vinegar in.

Enjoy the colors

Elena

———————————————————————

Понекогаш на луѓето им е смешно колку се возбудувам кога ги гледам сите тие убави бои на зеленчук и овошја. Ама што да правам, јас сум визуелен човек и кога јадам храна која има живи бои за секунда се чувствувам подобро. Мислам дека источната кујна е базирана на овој принцип, значи не сум единствена со фетиш за храна во боја :). Оваа салата ја јадам најмногу во овој период, пред пролет, најмногу зошто телото е измачено од ладната и мрачна зима, кожата е сува и сега ни требаат сите витамини за да се подготвиме пред да стигнат силните сончеви зраци.

Цвеклото и морковот се преполни со витамини и органски киселини, и двата зеленчука имаат живи бои кои сакате да ги гледате, а јаболкото е за убавина, барем така мислеле старите пагани. Медицината вели дека покрај тоа што го намалува лошиот холестерол, јаболката е добра и за косата и кожата- значи паганите биле во право.

Состојки:

1 Цвекло

2 Моркови

1 јаболко

1 китка магдонос

сол, бибер, маслиново масло, балзамичен оцет

Подготовка:

Изрендајте ги цвеклото, морковот и јаболкото, ситно исецкајте го магдоносот и измешајте се заедно со сол, бибер, маслиново масло и балзамичен оцет. Пробувајте додека правите и штелувајте си ја салатата по ваш вкус, само немојте да ставате премногу оцет.

Уживајте во боите,

Елена