Foamy Soy Vanilla Latte / Матено соја-лате со вкус на ванила

(Serves 2) / (за 2 лица)
Image

Ingredients
2 tsp instant coffee
*We use Jacobs Intense, it reminds me of Rome and the best cup of coffee I’ve ever had in my life!
2 tsp unrefined cane sugar
2 cups soy milk
5 tbsp lukewarm water
Vanilla extract, to taste (you can substitute it for 1 pkg powdered vanilla)
A pinch of raw cocoa powder

Directions
Leave less than 1/5 cup of soy milk aside, warm up the rest to your desired temperature (bf likes his slightly warm, I like mine almost boiling). We do not own a steamer, so we have to put in some work when making our froth. This is best done if you have a shaker, but even if you don’t you can still make a wonderful froth if you are just a little bit creative. So, no shaker, huh? How about a jar? That regular glass jar that sits around somewhere in the back of the cupboard waiting for her 15 minutes of fame. Take that jar and put the coffee, the sugar, the vanilla, and then the water in it. Make sure the lid is closed tight. Start shaking. The longer you shake the thicker the foam and it will not flatten that fast either. You will know the foam is ready when it stops moving around in the jar, it will be that thick. Pour it into a tall glass and add the warm soy milk careful not to destroy the foam. Take that 1/5 cup of milk and put it in the jar. Start shaking again until the foam has thickened completely. Pour it on top of the latte. Sprinkle cocoa powder over. And don’t forget to pair this up with a thick slice from my Ultimate Christmas Fruitcake. Enjoy!

————————————————————————————————————————————-
Sorry for not being able to post this earlier but we are not in Skopje, and the internet connection here is not that good. Since me and bf spent NYE at my parents’, we decided to use our holiday vacation and spend a couple of days in Ohrid. Bf has a lake house and we usually spend whole summers and various holidays here. Ohrid is a very lovely place, it’s very relaxing and extremely energizing. As you may have read in some of my previous posts breathing in Skopje is a luxury now, so coming to Ohrid was a really good break for us and our youngest cat – Prince 🙂

We came here late last night, around 11:30 PM. We were very tired and we slept like babies. Even though it was not sunny when we got up this morning, we still felt that positive vibe and enjoyed the fresh air in our garden. And what better way to round up the freshness of a crisp January morning than a big ole cup of toasty warm soy vanilla latte?

One love,
D

* * *

Состојки
2 кафени лажички инстант кафе
*Ние користиме Jacobs Intense, зашто ме потсетува на Рим и на најубавото кафе што сум го вкусила во животот!
2 кафени лажички нерафиниран шеќер од шеќерна трска
2 шолји млеко од соја
5 големи лажици млака вода
Екстракт од ванила, по вкус (или може да се замени со 1 пакетче ванилин шеќер)
Прстофат сурово какао во прав

Подготовка
Тргнете настрана една петтина шолја млеко, остатокот загрејте го до посакуваната температура (М неговото кафе го сака само млако, јас моето сакам да биде речиси зовриено). Немаме специјален апарат за правење пена, па мораме малку да се потрудиме ако сакаме да си ја направиме. Најдобро е да имате шејкер, но дури и да немате сепак може да направите прекрасна пена – ви треба само малку креативност. Значи, немате шејкер, а? А тегла? Обична стаклена тегла што седи зафрлена некаде во задниот дел од шпајзот и си ги чека своите 5 минути слава? Е, земете ја таа тегла и во неа ставете ги кафето, шеќерот, ванилиниот екстракт (или в. шеќер) и водата. Затворете го капакот цврсто и почнете да тресете. Колку подолго тресете толку покомпактна и потрајна пена ќе добиете. Пената е готова кога ќе забележите дека повеќе не се движи ништо во теглата. Поделете ја содржината од теглата во две високи стаклени чаши и внимателно додајте го стопленото соино млеко. Внимавајте да не ја уништите пената! Сега земете го она млеко што на почетокот го тргнавте настрана и ставете го во теглата во која ја правевте првата пена. Повторете ја постапката за да добиете густа млечна пена. Истурете ја млечната пена врз кафето и наросете сурово какао одозгора. Не заборавајте дека ова кафе одлично оди со мојот
Највкусен божиќен колач. Уживајте!

————————————————————————————————————————————-

Извинете што не бев во можност порано да го постирам ова, но не бев во Скопје, а конекцијата овде во Охрид и не е така добра. Бидејќи не отидовме никаде за Нова Година решивме сега да си го искористиме празничниот одмор и да дојдеме на неколку дена во Охрид. М има куќа овде и обично тука ги поминуваме летата и поголемиот дел од празниците во текот на целата година. Охрид е прекрасен град, одличен за релаксација и за полнење на батериите. Како што веќе кажав во некој од моите претходни постови дишењето во Скопје е луксуз, па овие неколку дена во Охрид одлично ни се погодија и на нас и на нашиот најмлад мачор – Принц 🙂

Стигнавме доцна синоќа, околу 23:00 ч. Толку бевме уморни што спиевме како заклани. Иако кога се разбудивме утринава не нѐ дочека сонце, сепак уживавме во прекрасниот чист воздух во дворот и во извонредната енергија на природата што ја окружува нашата куќа. И верувајте дека нема подобар начин да се заокружи свежината на едно студено јануарско утро од голема чаша топло соја-лате со вкус на ванила.

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s