Parsley & Soy Burgers / Ќофтиња со магдонос и соја

(Yields 10 burgers) / (за 10 ќофтиња)

DSCF9149The first time I declared I won’t eat meat anymore (some 10 + years ago) to my family, my mum started inventing soy recipes she can make for me :). Because someone told her that soy is the only vegan version of meat. So she invented these amazing tasty soy & parsley burgers, which is why i’m not telling her that there are other options :). Just because she makes these so good.

Ingredients
100 grams of soy crumbles (soaked in hot water for about half an hour)
1 big bunch of finely chopped fresh parsley
3 stalks of spring garlic and 3 stalks of spring onion, finely chopped
1 full hand of toasted bread crumbs
Flour (until you reach needed consistency so they don’t fall apart)
Olive oil, salt and pepper

Directions
So after you’ve soaked the soy crumbles take them out of the water and squeeze all the water out. Throw them in a big bowl and add all the ingredients, then mix them up good squashing with your hands. Make nice round burgers and fry them in hot oil until they get some color – but it shouldn’t be more than 3- 5 minutes on each side. The great thing is that all the ingredients you are using are ready to be eaten so you can’t mess them up even if you tried :). I say they’re ready when my kitchen smells like fried garlic 😉 

Put them in a bun with mustard and pickles and no one will ask for a meat burger.

Here’s to mothers,

Elena

————————————————————————–

Првиот пат кога на моето семејство му соопштив дека нема повеќе да јадам месо (пред нешто повеќе од 10 години), мајка ми почна да измислува рецепти со соја за мене 🙂 зашто некој ѝ кажал дека сојата е единствена веганска верзија за месо. И така ги измисли највкусните ќофтиња со соја и магдонос, па затоа не ѝ кажувам дека има и други опции :). Овие ги прави екстремно добро.

Состојки
100 грама соја трошки (натопени во жешка вода околу половина час)
една голема китка ситно исечкан свеж магдонос
3 млади лукчиња и 3 млади кромитчиња, ситно исечкани
1 рака лебни трошки
Брашно (онолку колку што ви е потребно за да станат компактни и да не се распаѓаат)
Маслиново масло, сол и бибер

Подготовка
Откако ги потопивте соја трошките извадете ги од водата и убаво исцедете ги. Фрлете ги во поголем сад и додадете ги сите состојки, измешајте убаво гмечејќи сè со рацете. Направете убави округли ќофтиња и пржете ги во жешко масло додека добијат боја – ама не повеќе од 3- 5 минути на секоја страна. Добрата работа е што сите состојки кои ги користите се спремни да ги јадете, така што не можете да згрешите и да сакате :). Јас викам дека се готови кога кујната ќе почне да ми мириса на пржен лук 😉

Ставете ги во лепче со сенф и кисели крставички и никој нема да ви побара ќофте од месо.

За мајките,

Елена

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s