Vegan Bounty Bites / Вегански баунти залачиња

(Makes 30 bars) / (излегуваат 30 чоколатца)
Vegan Bounty Bites

If you’re looking for a sweet adventure – search no more, you’ve found it! This bountiful pleasure will take you much further than you’ve planned on going. But we all know you can’t plan an adventure now, can’t you 🙂 Well, enjoy every step through this vegan heaven!

Ingredients
2 cups (approx. 200 g) shredded coconut
1 cup homemade almond milk + 3-4 Tbsp for the chocolate glaze
1 Tbsp homemade almond butter (you can also use coconut oil)
2 pkg vanilla powdered sugar
3 Tbsp raw sugar
300 g semi-sweet vegan chocolate (I used 75% cocoa)

Directions
Mix together all the ingredients save the chocolate. Wait until a nice compact mixture is formed. Transfer the mixture into a cling film lined 15×7” rectangle vessel. Press it nicely, it should be about 1/2 inch thick. Wrap it in the cling film and place in the freezer for a couple of hours (I had mine in overnight, more like overweek, but no one knows that, pf!).

Next day (week :D) put the chocolate in a double boiler, add the milk and let it melt. Take the coconut mixture out of the freezer, place them on a large sheet of cling film and cut it in desired dimensions using a hot knife. Let them have a little space between them so you can easily manipulate the knife to spread the glaze evenly. Smother them in chocolate.

Hint: I got stuck here, I started getting really irritated because my bars were getting thawed and falling apart and I was in chocolate to my elbows – I basically had more chocolate on my arms than I had on the bars. So I decided to ask Google the best way to coat these. Halfway to my comp. I changed my mind and decided to find my own way of dealing with this. So I put the bars in the freezer again and I heated the chocolate a bit more. When I got them out of the freezer I worked really fast using a tsp to put chocolate and a really small knife to spread it evenly. I don’t know if you ever worked with chocolate, but trust me when I tell you this – it’s merciless! It leaves absolutely no place for trial and error – so you have to be extra skilled (like I’m not) to do this or extra persistent (like I am). Worse comes to worst just remember that you are doing this for fun and your loved ones will love these for their taste even though they will look like something Frankenstein created 🙂 I have a very low tolerance threshold and I managed to calm down and realize this is just my first time, we’ve all fallen down before finally standing firm on our feet, so why should this be any different?

One love,
D
————————————————————————————————————————————————

Ако досега бевте во потрага по слатка авантура, потрагата е завршена, ја најдовте! Ова богато задоволство ќе ве одведе подалеку отколку што планиравте. А сите знаеме дека авантурите не се планираат, нели 🙂 Уживајте во секој залак од овој волшебен десерт!


Состојки

2 шолји (приближно 200 г) кокосови снегулки
1 шолја домашно бадемово млеко + 3-4 големи лажици за чоколадната глазура
1 голема лажица домашен путер од бадеми (може да употребите и кокосово масло)
2 пакетчиња ванилин шеќер (или екстракт од ванила)
3 големи лажици нерафиниран шеќер
300 г темно веганско чоколадо (јас користев со 75% какао)


Подготовка

Измешајте ги сите состојки освен чоколадото. Треба да се формира убава компактна смеса. Смесата префрлете ја во целофан во пластичен сад со димензии 30х15 цм. Убаво притиснете ја, треба да биде дебела околу 1 цм. Покријте ја со фолијата и ставете ја во замрзнувач неколку часа (јас мојата ја оставив преку ноќ, т.е. преку недела, ама никој не знае!).

Наредниот ден (недела :D) ставете го чоколадото да се стопи во двоен сад и додајте му го млекото. Смесата со кокос извадете ја од замрзнувач и ставете ја на големо парче целофан. Исечете ја во посакуваната димензии со жежок нож. Меѓу одделните чоколатца треба да има малку повеќе простор за да има место да се манипулира со ножот кога ќе го ставате чоколадото. Удавете ги во чоколадо.

Совет: Јас заглавив тука. Почнав многу да се нервирам зашто кокосот почна да ми се одмрзнува и да се рони, и плус до лакти бев направена со чоколадо, буквално имав повеќе чоколадо по рацете отколку на кокосот. И така одлучив да го прашам Google како најлесно да ги премачкам со чоколадо. На полпат до комп. се предомислив и решив дека сакам сама да се снајдам. Го вратив пак кокосот во замрзнувач и го загреав чоколадото. Кога го извадив кокосот од замрз. работев многу брзо. Со мала лажичка ставав чоколадо и веднаш размачкував со мал нож. Не знам дали имате работено со чоколадо, ама верувајте ми дека е безмилосно! Едноставно не ви остава простор за грешка – така што треба да сте супервешти (како што јас не сум) или суперупорни (е ова сум). Ако едноставно и покрај сѐ не ви излезе како што треба, сетете се дека ова го правите за забава и дека вашите блиски толку ќе се заљубат во вкусот што нема да им смета што баунтито ви личи на креација на Франкенштајн 🙂 Јас имам многу низок праг на толеранција, а сепак успеав да се смирам и да сфатам дека ова ми е само првпат, па никој од нас не научил веднаш да оди, сите прво сме паѓале, зошто ова би било различно?

Со љубов,
Д

Advertisements

One thought on “Vegan Bounty Bites / Вегански баунти залачиња

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s