Perfect American Vegan Pancakes / Совршени посни американски палачинки

(Serves 4) / (за 4 лица)
Image

This was my first time making American pancakes and having to make them vegan was not at all helpful if you know what I mean. But, after the first disastrous batch being overly oily and the shape of a withering foot, my second batch turned out pretty pro if I may say so myself! The thing I didn’t realize with the first batch was that I should leave the pancake cook well on the one side before I try to turn it over. And, to get the nice (almost) round shape I used the skillet as a helper, and did not leave the pancake go au naturel on me and spreading wherever it felt like! No sir, this time around I was in charge!

Ingredients
1 1/2 cups T55 (baking) flour
1 pkg baking powder
1 cup almond milk (or your favorite non-dairy milk)
2 Tbsp freshly ground flax seeds
2 tsp apple cider (barrique)
1/2 cup of water
3 Tbsp unrefined oil
2 Tbsp unrefined brown sugar
1 pkg vanilla powdered sugar
1 tsp salt
Dash of allspice

Chocolate sauce ingredients
100 g dark vegan chocolate
1 Tbsp vegan butter
4 Tbsp homemade Maraschino
Little bit of water

Directions
Sift the flour and baking powder in a large mixing bowl. Create a well in the middle. In a separate utensil mix the milk, ground flax and vinegar. This will be your egg replacer. Put it in the bowl with the flour and baking powder mixture and add all of the remaining ingredients. Mix with a fork, do not use a mixer because this will make the pancakes hard. Set the mixture aside for 15 or so minutes. During this time you can wash, peel and cut some fruit if you want it with your pancakes.

I started frying the first batch in a non-stick using oil. Big mistake! The pancakes absorbed all of the oil and they were a greasy disaster. So the next time around I didn’t put any oil in the skillet and they turned out beautiful. I didn’t press them on top with a spatula either, I just spread the mixture in the hot skillet and let it cook well on the bottom.

Once you see the pancake starts bubbling on top separate it gently from the bottom using a wooden spatula. Check to see if it’s well cooked on the bottom and turn around. Wait until it is golden brown on the other side and voilà!

Put the chocolate and the butter in a double boiler. Once the mixture starts melting add the Maraschino and some water to adjust the thickness. Pour over your stack of pancakes, garnish with fresh fruit and enjoy right away. Unsweetened coffee is always a good choice for me to go with meals like these!

One love,
D
————————————————————————————————————————-
Првпат правам американски палачинки. А сите знаеме дека палачинки не се лесна работа, а па уште вегански – предизвик дури и за оние највештите во кујна. Значи, се знаеше што ме чека и нормално првата тура излезе катастрофална. Палачинките беа ужасно мрсни и личеа на исушено стапало. Отпосле сфатив дека грешката со првата тура ми била што не оставав палачинката да се испече доволно од едната страна пред да ја превртам. Пребрзо ја превртував и затоа ми се деформираше, смеса ми се распрскуваше насекаде, палачинката ми се собираше како згужвана хартија и така. Ама затоа втората тура ми беше речиси совршена! А за да ја добијам прекрасната (речиси) совршена кружна форма си помагав со тавчето (читај: си го врткав) и не дозволував како со првата тура палачинката сама да се разлева каде што таа сака! Да се знае кој е бркот во куќа!

Состојки
1 1/2 шолји T550 (пекарско) брашно
1 пакетче прашок за печиво
1 шолја млеко од бадеми (или вашето омилено растително млеко)
2 големи лажици свежо измелен лен
2 мали лажички јаболков оцет (барик)
1/2 шолја вода
3 големи лажици нерафинирано масло
2 големи лажици нерафиниран кафеав шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
1 мала лажичка сол
Прстофат пименто

Состојки за чоколаден сос
100 г темно веганско чоколадо
1 голема лажица вегански путер
4 големи лажици домашен ликер мараскино
Малку вода

Подготовка
Брашното и прашокот за печиво исејте ги во длабок сад. Направете дупка во средината. Во посебна поголема чаша измешајте ги млекото, меленото ленено семе и оцетот (ова е всушност замена за јајце), па додајте ги во брашното и печивото. Додајте ги и останатите состојки и мешајте со виљушка. Не користете миксер зашто така палачинките ќе ви бидат тврди и нема да бидат воопшто воздушести. Откако ќе измешате убаво оставете ја смесата да отстои околу петнаесет минути. За ова време може да измиете, излупите и исечкате овошје, што ќе ви служи како прилог за палачинките.

Првата тура палачинки почнав да ја пржам на нелепливо тавче со масло. Страшна грешка! Палачинките ми го исцицаа целиот зејтин. Затоа наредната тура не ставив воопшто зејтин во тавчето и ми излегоа одлични. Не ги притискав од горе за побргу да се направат. Само ја разнесував колку што можам најмногу смесата вртејќи го врелото тавче и ја оставав палачинката убаво да се испече оздола.

Штом ќе забележите дека се прават меурчиња на горниот дел од палачинката значи дека треба да почнете внимателно да ја одлепувате од дното со дрвена шпатула. Видете дали ви се допаѓа колку е испечена, ако е добра – превртете ја од другата страна. Почекајте додека и од другата страна не добие убава боја.

Чоколадото и путерот ставете ги во сад на пареа. Штом почнат да се топат додајте го мараскиното и малку вода по ваша желба додека не ја добиете саканата густина на сосот. Истурете го сосот врз палачинките и украсете со свежо овошје. Според мене незасладено кафе е секогаш добар избор во комбинација со ваков оброк!

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s