Oyster Mushrooms and Mashed Potatoes / Буковка и пире

(Serves 2) / (за 2 лица)
Image

Here’s what we had for dinner yesterday. The mashed potatoes are my mom’s invention and the taste – phenomenal! I really can’t get enough of oyster mushrooms cooked this way (OK, I admit, for a certain period of time, then I have to have them in some other way – preferably greasy :)). So not vegan of me, right?

Oh, and we’re in Skopje now, we had to come back yesterday evening, cause I had to go to work today (bummer!).
Tonight we went at bf’s parents for dinner. I scored some tasty veggie recipes and I’m planning on preparing them real soon so don’t go anywhere!
————————————————————————————————————————-
Here’s what you’ll need:

Oyster Mushrooms

Ingredients
500 g (approx. 6 cups) fresh oyster mushrooms
Salt (to taste)
2-3 Tbsp unrefined oil
1 Tbsp dried savory
1 Tbsp chili powder
1 Tbsp dried marjoram
1 Tbsp dried oregano
1 Tbsp turmeric
2 Tbsp balsamic vinegar
4-5 Tbsp white wine

Directions
Wash the mushrooms thoroughly. Place them in a pot and sprinkle salt over them. Using a wooden spoon cook on medium-high heat stirring constantly for the first minute or so. After the first minute the mushrooms are going to start releasing water. This will prevent them from sticking to the bottom of the pot, and this is also the reason why you don’t need to put any water in the pot in the first place.

If you’re in a hurry, it’s OK to increase the heat at this time so the water evaporates faster, but you have to be careful and stir scratching the bottom constantly (this is why you MUST use a wooden spoon, otherwise you will ruin your pot). However, if you have enough time I suggest you cook them slowly, the longer they stay in the pot, the softer they become and the creamier their texture. After the water has evaporated completely, add the vinegar. At this point you can allow for the mushrooms to stick a little to the bottom of the pot. If you do this right and carefully, they get this really great brown color and an amazing taste. But if you leave them in for too long without turning them around they might turn black, which means you’ve overdone it!

After the vinegar has evaporated too it’s time to add the spices and the wine. I suggest putting a lid over the pot and cooking at a very low heat. In this way you will allow for all the spices to combine very well and the mushrooms will keep all of the moist. Five minutes or so before removing them from the stove add the oil (you can also add some vegan butter if you like, and if you opt for v, butter I suggest a kind with rich creamy texture to enhance the creaminess of the mushrooms). Take the lid off and let the liquid evaporate almost completely. Remove from stove and set aside.

Mashed Potatoes

Ingredients
6 medium sized potatoes
3 large sized garlic cloves
2 Tbsp vegan butter (we do not have so many options here so I mostly use regular, but you can use your favorite kind)
Salt (to taste)

Directions
Wash the potatoes, peel them, cut them in smaller irregular sized pieces and cook them in salty water for about 30 minutes. After removing them from the stove drain them but do not discard the water they were cooking in. Transfer the potatoes in a bigger pot. Take a hand blender and blend until the texture is creamy and there are no more visible lumps (we did not take our hand blender in Ohrid, so we made the potatoes the hard way – with a pestle. Stone Age, we salute you!)

Peel the garlic and mince the cloves. Add them to the potatoes along with the butter. Put the pot on low-heat and slowly add the water the potatoes were cooking in. Start by adding two cups of water and then increase the amount 1/2 cup at a time until you reach the desired consistency. Serve warm with mushrooms on top. Drink of choice – why beer of course!

One love,
D

* * *

Еве што зготвивме за вечера вчера. Пирето е изум на мајка ми и е феноменално! А овој начин на приготвување на буковка најмногу го сакам (добро, признавам, одреден период, после тоа ги сакам на некој друг начин – по можност мрсни :)). Не баш веган од моја страна, нели?

А, да, и се вративме во Скопје вчера вечерта. Моравме, зашто јас денес морав на работа (тапа!). Денес вечер бевме кај на М неговите на вечера. Собрав ептен вкусни веган рецепти што планирам да ги направам во најскоро време. Значи, да не сте мрднале никаде!
————————————————————————————————————————-
Еве што ви е потребно:

Буковка

Состојки
500 г свежа буковка
*Јас секогаш купувам од кај чичко Бранко на Зелено пазарче, кај Бутикот за лук, секогаш има најсвежи печурки и најголем избор + жива енциклопедија е 🙂
Сол (по вкус)
2-3 големи лажици нерафинирано масло за јадење
1 голема лажица сува чубрица
1 голема лажица чили во прав
1 голема лажица сув мајоран
1 голема лажица суво оригано
1 голема лажица куркума
2 големи лажици балсамико
4-5 големи лажици бело вино

Подготовка
Печурките се мијат темелно. Се ставаат во тенџере (не многу големо, зашто за само 1 минута ќе спласнат околу 4-5 пати од првичниот габарит) и се посолуваат. Се готват на тивко и во текот на првата минута постојано се мешаат со дрвена лажица за да не загорат. По првата минута почнуваат да пуштаат вода. Сега повеќе нема опасност дека ќе загорат и ова е причината што од почеток нема потреба да им се става вода.

Ако ви се брза сега кога имаат пуштено вода може да се засили огнот за да може водата побрзо да испари, но ако го засилувате огнот мора да бидете многу внимателни и постојано да гребете со лажицата по дното од тенџерето (поради ова МОРА да се користи дрвена лажица, бидејќи ако користите каква било друга ќе си го оштетите тенџерето). Но, ако сепак имате доволно време за да ги зготвите печурките предлагам да ги готвите на тивок оган, затоа што колку подолго се готват толку помеки стануваат и толку покремаста им е текстурата. Штом водата ќе испари целосно, додајте го оцетот. Во оваа фаза може да дозволите печурките малку да загорат и да се залепат за дното на тенџерето. Ако го направите ова внимателно и правилно печурките ќе добијат една убава кафена боја и извонреден вкус. Но, ако ги оставите предолго без да ги мешате и ако ви поцрнат, значи дека сте претерале! (добро утро :))

Откако ќе испари и оцетот, време е да се додадат зачините и виното. Предлагам во оваа фаза тенџерето да се затвори со капак и да се готви на многу тивок оган. На овој начин различните вкусови од зачините убаво ќе се искомбинираат, а печурките ќе си ја задржат влажноста. Додајте го маслото околу пет минути пред да ги тргнете од рингла. По ваша желба маслото може да го замените со некој веган путер и ако се одлучите за тоа предлагам да користите покремаст путер што ќе ја нагласи богатата текстура на печурките. Тргнете го капакот и оставете течноста речиси да испари. Тргнете од рингла и оставете го тенџерето покриено настрана.

Пире

Состојки
6 средни компири
3 големи чешниња лук
2 големи лажици веган путер (јас користам обичен)
Сол (по вкус)

Подготовка
Компирите измијте ги, излупете ги, исечете ги на помали парченца со неправилна форма и варете ги околу 30 минути во солена вода. Откако ќе се сварат исцедете ги и зачувајте ја водата во која се вареле. Префрлете ги компирите во поголемо тенџере. Земете рачен блендер и блендајте сѐ додека не добиете кремаста смеса без грутчиња (ние не си го земавме рачниот блендер со нас во Охрид, па моравме пирето да го правиме по неолитски – со толчник).

Лукот излупете го и ситно исечкајте ги чешнињата. Додајте ги во компирите заедно со путерот. Ставете го тенџерето на рингла и гответе на тивок оган. Прво ставете околу 2 шолји од водата во која се вареа компирите, а потоа додавајте постепено по 1/2 шолја сѐ додека не ја добиете посакуваната конзистенција. Послужете топло. Со ова јадење ви препорачуваме насушно пенесто пиво – се разбира!

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s