Ultimate Vegan Hot Chocolate / Најдобриот рецепт за посно топло чоколадо

(Serves 2) / (за 2 лица)
Image

I know that you want to get inside the screen and lick the cup full of chocolaty goodness clean. Unfortunately, you’ll have to do it the ‘hard’ way i.e. make this recipe yourself. The trick is it’s not at all a hard thing to do. It takes about 15 minutes total and it’s really a cheat (my favorite type of recipe :))

Even though I couldn’t get out of bed this morning because of my raging headache and I didn’t even go to work, this warm cup of comfort quickly put me back on my feet! OK, I also had a girlfriend over 🙂 Being around people you like raises your serotonin level and happiness keeps you healthy. Don’t tell me you didn’t know this! What are you waiting for then? Call that special person you haven’t seen in ages and arrange a nice party for two. Don’t forget to take a peek at the dessert section and find some nice recipe that will complement this lovely drink.

Ingredients
1 pkg vegan chocolate pudding
1/2 cup (100 g) dark chocolate
2-3 Tbsp unrefined cane sugar
1 cup (250 ml) water
1 cup (250 ml) soy milk
*You do not have to use soy milk. Only water will be just fine. I added the milk for additional creaminess. Also you can adjust the water:soy milk ratio. It doesn’t affect the thickness. The only thing you should look out for is the amount of liquids to not go over 500 ml.

Directions
Place the contents of the pudding package in a larger cup along with the sugar and add about 5-6 Tbsp out of the 500 ml liquids. Stir it well, making sure all the lumps are broken. Put the rest of the liquids in a pot and bring it to a boil. Remove the pot from stove. Add a couple of tablespoons of the boiled liquids to the pudding mixture and then pour all of the pudding mixture back in the boiled liquids. Take a wooden spoon and return the pot to the stove. Cook for a minute or two at extremely low heat stirring constantly. When all of the mixture is nice and smooth add the chocolate. Don’t stop stirring. Once you’re sure that all of the chocolate has melted, pour it in two cups. Garnish with chocolate chips and instant coffee crystals. Serve warm.

One love,
D
————————————————————————————————————————-
Знам дека ви доаѓа да му влезете на екранот. За жал, до овој прекрасен чоколаден рецепт ќе мора да дојдете на „потешкиот“ начин, односно, ќе мора самите да си го подготвите. Работата е што овој рецепт воопшто не е тежок за подготвување. Ќе ви одземе вкупно 15 минути и всушност е финта (мојот омилен вид рецепти :)).

Иако денес не можев да станам од кревет поради ужасната главоболка и дури не отидов ни на работа, оваа топла напивка ми дојде толку добро и ме дигна на нозе! Добро, имав и другарка на гости, признавам 🙂 Кога човек е во близина на луѓе кои ги сака му се покачува нивото на серотонин во организмот, а кога сме среќни сме здрави. Немој да ми кажете дека не сте го знаеле ова! Тогаш што чекате? Јавете му се на тој драг човек што сто години не сте го виделе и договорете си седенка. Не заборавајте и да ја ѕирнете категоријата десерти каде што сигурно ќе најдете нешто што совршено ќе оди со овој прекрасен пијалак.

Состојки
1 пакетче посен чоколаден пудинг
100 г темно чоколадо
2-3 големи лажици нерафиниран шеќер од шеќерна трска
250 мл вода
250 мл млеко од соја
*Млекото од соја не е задолжително. Може и да користите само вода. Јас додадов млеко за чоколадото да излезе покремасто. Исто така, може да си играте и со соодносот вода:соино млеко. Густината на пудингот воопшто нема да се промени. Единствено треба да внимавате да не искористите повеќе од 500 мл течност вкупно.

Подготовка
Содржината од кесичката ставете ја во поголема шолја заедно со шеќерот и додајте околу 5-6 големи лажици од оние 500 мл течност. Измешајте убаво и обидете се да ги разбиете сите грутчиња. Остатокот од течноста ставете го во тенџере и оставете да зоврие. Штом ќе зоврие тргнете го од рингла. Додајте неколку лажици од зовриената течност во шолјата со смесата од пудинг. Измешајте убаво и потоа целата смеса додајте ја во тенџерето. Земете дрвена лажица и вратете го тенџерето на многу тивок оган. Мешајте постојано неколку минути додека убаво не се згусне и додека целата смеса не стане хомогена. Некаде при крај додадете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте убаво додека сето чоколадо не се стопи. Штом се стопи цело земете две шолји и истурете ја смесата внатре. Украсете со коцки темно чоколадо и инстант кафе гранули. Послужете топло.

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s