Flaky French Tart / Француски тарт

(Serves 6) / (за 6 лица)
Image

I made this tart with the same dough I used to make the Pizza Colorata. I’ll write the procedure and ingredients here again, just in case 🙂

Ingredients

Dough
1 1/3 cups lukewarm water
2 tsp dry yeast
3 cups T55 flour
1/2 cup organic corn flour
1 Tbsp agave syrup
1 tsp salt
2 Tbsp unrefined oil

Topping
2 large sized sour apples, sliced into very fine wedges
6 Tbsp unrefined brown sugar
2 pkg (20 g / 0.7 oz) vanilla powdered sugar
1/3 tsp allspice
2 tsp cinnamon
4 Tbsp plant-based milk

Directions
*Makes 2 tarts

For the dough
Mix the yeast and water in a bowl. Leave for 5 minutes, and then add the agave, salt, oil, and flour. Mix until you have a smooth dough. If dough is sticky add a little bit more flour, Tbsp by Tbsp. You have to be very careful not to toughen up the dough.
Cover with a plastic wrap and let it rise for about one hour at room temp. Divide the dough in two. Line a baking tray with parchment paper and press the dough with your fingers to form a large layer. The dough layer should be really thin.

For the topping
Put the sugar, vanilla powder, cinnamon, and allspice in a cup. Mix well. Add the milk and stir vigorously until a gooey paste forms. Divide it in half. Stab the dough with a fork sporadically and smear the paste over it leaving a tsp behind. Repeat the procedure with the second dough.

Wash and peel the apples (if you must, and if not buying organic) and cut them into wedges. Divide them in half. Spread one half evenly over the first dough and drizzle the remaining cinnamon and allspice syrup. Repeat with the second dough.

Bake in a 450ºF preheated oven for 12-15 minutes. Be sure to check it often so it doesn’t burn.

One love,
D
————————————————————————————————————————————————————————

Овој десерт го направив со истото тесто што го користев за Разнобојната пица. Сепак и овде ќе ја напишам целата процедура и потребните состојки. За секој случај 🙂

Состојки

За тестото
1 1/3 шолја млака вода
2 мали лажички сув квасец
3 шолји пекарско брашно T550
1/2 шолја органско пченкарно брашно
1 голема лажица сируп од агава
1 мала лажичка сол
2 големи лажици нерафинирано масло

За филот
2 големи кисели јаболка, исечкани на тенки полумесечинки
6 големи лажици нерафиниран кафеав шеќер
2 пакетчиња (20 г) ванилин шеќер
1/3 мала лажичка пименто
2 мали лажички цимет
4 големи лажици растително млеко

Подготовка
*Излегуваат две дози

Тесто
Земете длабок сад и во него измешајте ги квасецот и водата. Оставете така пет минути, а потоа додајте сируп од агава, сол, масло и брашно. Месете додека не добиете изедначено меко тесто. Ако тестото ви е премногу лепливо додајте уште малку брашно, но внимавајте да додавате лажица по лажица за да не го направите премногу тврдо.
Вратете го тестото во садот, завиткајте го со целофан и оставете да стаса околу еден час на собна температура. Поделете го на два дела. Oбложете плех за печење со мрсна хартија и тестото притискајте го со прстите за да направите голема кора. Кората треба да биде многу тенка.

Фил
Земете една шолја и во неа убаво измешајте ги шеќерот, ванилата, циметот и пиментото. Додајте го и млекото и мешајте силно додека не добиете убава паста. Поделете ја на половина. Избоцкајте го тестото со виљушка на повеќе места и премачкајте го со пастата, но зачувајте една лажичка. Истото направете го и со второто тесто.

Измијте ги јаболката и излупете ги (ако морате и ако не користите органски). Исечкајте ги на тенки полумесечинки. Поделете ги на два дела. Едната половина распределете ја на првото тесто и попрскајте со остатокот од пастата со цимет и пименто. Направете го истото и со второто тесто.

Печете околу 12-15 минути во рерна претходно загреана на 220ºС. Проверувајте почесто и не дозволувајте да изгори.

Со љубов,
Д

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s